Русија ќе продолжи да дозволува гасот да се плаќа во евра, вели Германија

Русија ќе продолжи да им дозволува на европските земји да ѝ плаќаат за гасот со евра, а не со рубли како што претходно се закануваше, соопшти германската влада.

Фото: ЕПА

Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на германскиот канцелар Олаф Шолц дека плаќањата од Европа следниот месец „ќе продолжат да бидат во евра и ќе бидат префрлани како и обично во Газпром банката, која не е засегната од санкциите“, изјави портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт.

Банката потоа ќе ги претвори исплатите во рубли, рекол Путин, цитиран од Хебестрејт.

„Шолц во разговорот не се согласил со оваа процедура, туку побарал писмени информации за подобро да ја разбере процедурата.“

Русија претходно изјави дека „непријателските“ земји ќе мора од 31 март да го плаќаат својот гас во рубли.

Германскиот портпарол додаде дека Шолц му останува посветен на договорот на Г7 според кој енергетските испораки од Русија ќе се плаќаат само во евра или американски долари.

Германија добива околу половина од гасот и една третина од нафтата од Русија и предупреди дека би можела да се соочи со рецесија доколку испораките ненадејно прекинат.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе