Метеорски подем на биткоинот

Рекордна вредност на „дигиталното злато“

Вредноста на биткоинот вчера надмина рекордни 50.000 долари, што е уште една во низата назнаки дека најголемата светска криптовалута ја прифаќаат мејнстрим инвеститорите и компаниите.

EPA-EFE

Биткоинот вчера во еден момент достигна вредност од 50.602 долари што е историски рекорд за оваа валута чија вредност од почетокот на годината се зголеми за 70 отсто.

Најголемиот раст беше забележан откако, претходно месецов, компанијата Тесла соопшти дека купила биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари.

Покрај драматичната промена на ставот и прифаќањето од страна на инвеститорите, вредноста на биткоинот според мислењето на аналитичарите расте и поради тврдењата дека оваа криптовалута ја има во ограничено количество.

Наративот дека биткоинот стана „дигитално злато“ сè повеќе е прифатен додека инвеститорите предвидуваат инфлација а центрапните банки ги отвораат сефовите за да излезат на крај со последиците на пандемијата на ковид-19.

Метеорскиот подем на биткоинот, кој пред само пет години вредеше неколку стотици долари, предизвика загриженост на големите инвестициски банки кои предупредуваат на шпекулативниот меур кој со време неизбежно ќе експлодира.

Подемот на биткоинот „ги надминува претходните меури“, соопшти минатиот месец Банката на Америка.

Дури и ако биткоинот полека влегува во мејнстримот, регулаторниот надзор останува исклучително слаб а повеќето инвеститори сепак се колебаат поради нејасните регулативи и поврзаноста на криптовалутата со криминалот.

Американската министерка за финансии Џенет Јелен и претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард минатиот месец повикаа на засилен надзор на биткоинот во страв дека може да биде употребен за криминални активности како перење пари.

Некои веруваат и дека екстремната нестабилност е причина за грижа. „Сметаме дека поради нестабилноста, биткоинот во квалитетот заостанува зад парите“, вели Џорџ Лагариас, главниот економист во Мазарс. Вредноста на биткоинот во Азија вчера по рекордниот раст во текот на денот падна за пет отсто.

Додека едни се претпазливи околу подемот на овој децентрализиран пазар кој не се заснова на никаква актива, други сметаат дека ситуацијата е многу поинаква отколку во 2017 година кога вредноста растеше за потоа на почетокот на 2018 да падне.

„Сè поголемиот интерес на бизнис заедницата за криптовалутите го трансформираше пазарот во споредба со 2017 година“, вели аналитичарот Нил Вилсон.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе