Агенцијата ТАСС го цитира Кремљ кој во соопштение наведе дека Путин му кажал на Ал Судани дека тоа „ограничување на цените ќе има сериозни последици на глобалниот енергетски пазар“.
„Обидите на одреден број западни земји да воведат ограничувања на цената на сировата нафта од Русија беа тема на разговорот“, се наведува во соопштението на Кремљ.
„Владимир Путин истакна дека таквите акции се во спротивност со принципите на пазарните односи и голема е веројатноста тоа да доведе до сериозни последици по глобалниот енергетски пазар“.
Европската Унија и Соединетите Американски Држави ги засилија обидите да постигнат договор за тоа како да се постави ограничување на цените за нивниот увоз на руска нафта.
Русија и Ирак се едни од главните извозници на нафта и челнови на договорот ОПЕК+.