Потрошувачките цени во Америка скокнале најмногу во последните 40 години

Потрошувачките цени во Соединетите Американски Држави скокнале во декември за седум отсто во однос на истиот месец една година претходно, најсилно во последните 40 години, покажуваат податоците на министерството за труд.

EPA-EFE

Најновите податоци покажуваат дека во декември, трет месец по ред, годишната стапка на инфлацијата во САД била над шест отсто, што значително го надминува нивото од два отсто, на која цели американската централна банка Фед.

Скокот од потрошувачките цени од седум отсто на крајот на минатата година е најголемиот од јуни 1982 година. Во ноември цените на годишно ниво пораснале за 6,8 отсто.

Најмногу на крајот на минатата година во САД пораснале цените на енергијата, за 29,3 отсто. Цените на храната пораснале за 6,5 отсто, значително над просекот во последните десет години, а трошоците за станување 4,1 отсто, покажува објавениот извештај на министерството за труд. Силно пораснале и цените на половните возила, за 37,3 отсто.

Основната инфлација, која ги исклучува променливите цени на енергијата и храната, во декември достигнала 5,5 отсто и е највисока од февруари 1991 година. На месечно ниво цените на енергијата благо паднале, за 0,4 отсто, за првпат од април минатата година. Растот на цените на храната успорил од 0,7 на 0,5 отсто.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе