Песков: Европејците ќе плаќаат повеќе ако ЕУ воведе царини за руската нафта

Купувачите на нафта ќе мора да бараат алтернативни извори, истакна Дмитриј Песков.

Фото: ЕПА

Предлогот на САД за воведување царини за руската нафта значи дека купувачите ќе мора да платат повеќе или да бараат алтернативни добавувачи, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува Ројтерс.

„Европските купувачи на руска нафта ќе мора да платат повеќе или да бараат алтернативни извори доколку ЕУ наметне давачки за испораките на нафта од Русија“, рече денеска Песков. Тој го коментираше предлогот на Вашингтон за воведување царини за руската нафта во Европа. Песков истакна дека „ова е прашање на економска изводливост“.

„Купувачите на нафта ќе мора да платат повеќе или да бараат алтернативни извори“, рече тој, пренесе ТАСС.

Службениците на американското министерство за финансии вчера објавија дека планираат на овонеделниот состанок на министрите за финансии на Групата Г7 да предложат европските земји да воведат царини на увозот на руската нафта, што би билo побрза алтернатива нa воведувањето целосно нафтено ембарго.

Американската министерка за финансии Џенет Јелен рече дека Европската Унија би можела да комбинира увозни тарифи на руската нафта со ембарго на нафта заради постепен прекин на купувањето на тој енергенс од Русија, што се обидува да го воведе со цел да ги намали приходите на Москва од извозот на енергија.

Тарифниот концепт ќе биде претставен на состанокот на министрите за финансии на Групата седум (Г7) оваа недела, како економски поевтин начин да се исцрпат руските приходи од нафта, а истовремено да се постигнат побрзи резултати, изјавија за новинарите претставници од американското Министерство за финансии.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе