Од денес во Салвадор може легално да се плаќа со биткоин

Биткоинот денес стана легално средство за плаќање во Салвадор, кој стана првата земја во светот која на граѓаните им овозможи плаќање со најпопуларната криптовалута.

EPA-EFE

Ел Салвадор пред три месеци усвои закон според кој сите трговци мора да го прифатат биткоинот како средство за плаќање, ако ги имаат потребните технички можности, а граѓаните можат и даноците да ги плаќаат во биткоини.

Салвадорскиот претседател Најиб Букеле кажа дека секој кој ќе го преземе дигиталниот паричник Чиво ќе добие почетен кредит во износ од 30 долари. Додаде дека ќе постојат 200 банкомати на Чиво.

Биткоинот не го контролира централна банка, туку настана со децентрализиран и исклучително енергетски интензивен компјутерски процес.

Неговата вредност силно варира.

Официјалната валута на Салвадор од 2001 година е американскиот долар, поради што таа централноамериканска земја стана зависна од монетарната политика на американската централна банка.

Вклучувањето во оптек на криптовалутата, чија вредност зависи исклучиво од пазарните критериуми, е нужно за економскиот раст на Салвадор, се наведува во законот со кој биткоинот стана легално средство за плаќање.

Околу 70 отсто од приближно шест милиони жители на Салвадор немаат пристап до традиционалните финансиски услуги, а многумина зависат од префрлање пари од роднини во САД.

Ист процент на граѓани на Салвадор се против законот за биткоин, покажа национално истражување кое во август го спроведе централноамериканскиот универитет Универсидад Сентроамерикана (УЦА) врз примерок од 1.300 анкетирани.

Отприлика ист број анкетирани не знаеле што е точно биткоин, а само 4,8 отсто точно го дефинирале како криптовалута.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе