Норвешка очекува рекорден приход од нафтата и гасот во 2023

Норвешка во следната година очекува рекордни приходи од продажбата на нафта и гас, речиси за петтина повеќе отколку во оваа година и пет пати повеќе отколку во 2021, благодарение на зголеменото производство и скокот на цените.

EPA-EFE

Цените на гасот во Европа се речиси тројно поголеми оваа година по намаленото снабдување од Русија, на која западните земји ѝ воведоа санкции поради нејзината инвазија на Украина. Во споредба со минатата година се десет пати повисоки.

Норвешка, најголемиот европски доставувач на гас и голем светски произведувач на нафта, очекува во следната година да црпи 4,3 милиони барели еквивалент на нафта дневно, за 200 илјади барели дневно повеќе од оваа година, што поради скокот на цената ќе ѝ донесе голема заработка.

Во нацрт буџетот за идната година норвешкото министерство за финансии прогозира раст на приходите од нафтата и гасот на рекордни 1.380 милијарди круни (131 милијарда долари), со проценети 1.170 милијарди круни во оваа и 288 милијарди во 2021 година.

Иако Осло тврди дека скокот на цените на гасот не е во долгорочен интерес на Норвешка, ги отфрли повиците да ги ограничи цените, тврдејќи дека тоа нема да ѝ помогне на Европа да обезбеди повеќе енергија.

Во нацрт буџетот министерството за финансии објави и дека планира во идната година да ја намали потрошувачката од државниот пензиски фонд за финансирање на буџетот за да ја заузда инфлацијата.

„Иако економијата покажува знаци на успорување, инфлацијата е на највисоко ниво од 80-тите години на минатиот век. Затоа е нужен штедлив буџет во кој се намалува потрошувачката од владиниот пензиски фонд“, се наведува во соопштението на министерството.

Предложија од фондот следната година да се повлечат 316 милијарди круни, речиси 20 милијарди помалку од оваа година.

„Ако сега повеќе трошиме, тоа ќе предизвика нови проблеми бидејќи ќе ја зацементираме инфлацијата на толку високо ниво што централната банка ќе мора да ги крене каматните стапки повисоко и побрзо отколку што е потребно“, се додава.

Очекуваат инфлацијата оваа година да достигне 4,8 отсто и да ослаби на 2,8 отсто во 2023.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе