„Непаметно“: досега најголемото предупредување од Илон Маск за криптовалутата

Илон Маск, основачот на Тесла и Спејсекс, е познат застапник на доџкоинот - па сепак почна да искажува загриженост за криптовалутата.

Фото: ЕПА

Во едно неодамнешното видео во кое Маск е интервјуиран од фанови на пат кон вечера, Маск рече дека постои „добра шанса“ криптовалутата да биде „идната валута на Земјата“ - но исто така предупреди за нејзината непостојана природа.

„Па, која ќе биде? И можеби ќе бидат повеќе“, рече тој за дигиталните валути.

„Но во овој момент треба да се разгледаат шпекулациите. Затоа, не одете премногу далеку на фронтот на криптошпекулациите.”

„Добро е да потрошите некаков расположлив приход на тоа, но „не ја заложувајте куќата“, се пошегува тој.

„Луѓето не треба да ги вложуваат своите животни заштеди во криптовалута, да бидам јасен - тоа е неумно“, пренесе Еј-би-си.

Предупредувањето е промена од гласната поддршка на Маск за доџкоинот, која почна како „шега“, но нагло ја зголеми цената на криптовалутата.

Во понеделникот, тој им понуди да им плати на сопствениците на доџкоинот за да „продадат поголем дел од своите монети“ во обид да ги ублажат краткорочните флуктуации на цената на монетата заради долгорочен пораст.

„Преголемата концентрација е единственото вистинско прашање (според мое мислење)“, рече тој.

Неговата компанија Тесла неодамна исто така инвестираше 1,5 милијарди американски долари во биткоинот, најголемата инвестиција во светот до сега.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе