Американското министерство за трговија соопшти дека во јули односот на вредност на увозот и извозот е 18,9 отсто поголем отколку во јуни, кога надворешнотрговскиот дефицит изнесувал 53,5 милијарди американски долари.
Тоа е најголемиот месечен дефицит од јули 2008 година, во времето на глобалната економска криза.
Јулскиот дефицит е последица на рекордното зголемување на увозот од 10,9 отсто, на 231,7 милијарди американски долари, додека извозот, иако е зголемен, изнесувал 168,1 милијарда.
Во претседателската кампања во 2016 година американскиот претседател Доналд Трамп како една од целите го постави намалувањето на надворешнотрговскиот дефицит, пред сѐ со Кина, која со години има голем суфицит во трговијата со САД.
Меѓутоа, тој и понатаму остана висок, и во јули изнесувал 31,6 милијарди американски долари, односно 11,5 отсто повеќе од јуни.
Суфицитот во услужните дејности, како банкарството и осигурувањето, падна во САД на 17,4 милијарди долари, најмалку од август 2012, главно поради намалувањето на авионскиот сообраќај поради пандемијата на коронавирусот.