Над 200 уапсени во светска операција против перење пари

Полиции од триесетина земји уапсиле 228 лица и идентификувале илјадници „финансиски мулиња“ во рамки на голема операција против перењето пари.

Во операцијата од септември до октомври биле спроведени над 1.000 криминалистички истраги, а голем дел од нив сѐ уште траат, соопшти Јуропол.

„Над 650 банки, 17 банкарски здруженија и други финансиски установи пријавиле 7.520 лажни трансакции спроведени од финансиски мулиња. Со тоа е спречена загуба од 12,9 милиони евра“, вели Јуропол.

Во операцијата во која совен Јуропол (европската полициска организација) ја поддржале и Јуроџаст (европскиот сојуз за соработка во правосудството) и Европската банкарска федерација (ФБЕ) се идентификувани 3.833 „финансиски мулиња“ и 386 лица кои биле задолжени за трансакциите, од кои 228 се уапсени.

„Финансиските мулиња“ често и не знаејќи учествуваат во перењето на парите така што примаат и префрлаат суми незаконски заработени пари, објасни Јуропол.

Лицата кои ги користат тие мазги особено се активни на социјалните мрежи на кои ги наговараат своите жртви да отворат банкарски сметки со изговор дека преку нив ќе испраќаат или примаат пари.

Операцијата била спроведена во 31 земја, вклучувајќи ги Германија, Белгија, Шпанија, Швајцарија, Британија, САД и Австралија.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе