На Хрватска ѝ недостигаат уште милион работници

На Хрватска ѝ недостигаат уште милион работници, изјави главниот директор на Хрватското здружение на работодавачи Дамир Зориќ.

EPA-EFE

Зориќ истакна дека на хрватскиот пензиски систем би му требале барем тројца вработени на еден пензионер.

Тој наведе дека сега тој однос е 1,5 на 1, а дека едно време бил речиси 1:1.

Зориќ истакна дека за да го решат проблемот со недостигот на работници Хрватска треба да стане работно атрактивна земја и луѓето да почнат да доаѓаат во неа, и дека друг рецепт нема.

Хрватското здружение на работодавачи предложи даночна реформа која, меѓу другото, предвидува намалување на придонесите за пензиско и здравствено осигурување за да пораснат нето платите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе