Зориќ истакна дека на хрватскиот пензиски систем би му требале барем тројца вработени на еден пензионер.
Тој наведе дека сега тој однос е 1,5 на 1, а дека едно време бил речиси 1:1.
Зориќ истакна дека за да го решат проблемот со недостигот на работници Хрватска треба да стане работно атрактивна земја и луѓето да почнат да доаѓаат во неа, и дека друг рецепт нема.
Хрватското здружение на работодавачи предложи даночна реформа која, меѓу другото, предвидува намалување на придонесите за пензиско и здравствено осигурување за да пораснат нето платите.