Москва: Спремни сме брзо да ѝ испорачаме гас на ЕУ

Гасот Русија би ѝ го испорачала на Европа преку неоштетениот дел од гасоводот Северен тек 2.

Фото: ЕПА

Москва во средата соопшти дека е подготвена брзо да ѝ испорача гас на Европа преку неоштетениот дел од гасоводот Северен тек 2 меѓу Русија и Германија, откако неодамнешните протекувања ги зголемија геополитичките тензии.

„Доколку европските колеги ги донесат неопходните правни одлуки во врска со сертификацијата (на Северен тек 2)... мислам дека Русија за краток временски период би можела да обезбеди соодветни снабдувања преку овој гасовод“, рече рускиот вицепремиер Александар Новак на државната телевизија.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен вчера во Европскиот парламент предложи ограничување на цената на гасот за производство на електрична енергија и се зазеде за заеднички систем за набавка на енергенси.

Европската комисија уште на 18 мај го претстави планот Репауер ЕУ како одговор на тешкотиите и нарушувањата кои руската инвазија на Украина ги предизвика на глобалниот енергетски пазар. Тој план предвидува престанување на зависноста од руски енергенси до 2027 година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе