Москва: Оние кои ќе ја ограничат цената нема да добијат нафта

Русија не планира да испорачува нафта или деривати на земјите кои ќе воведат ограничување на цените, им кажа на новинарите потпретседателот на руската влада Александар Новак.

EPA-EFE

„Русија го потврдува својот статус на сигурен снабдувач на пазарот и пазарниот статус на нашите односи со партнерите. Во врска со тоа, не планираме да испорачуваме нафта и деривати во земјите кои ќе користат принцип на ограничување на цените, со понатамошно пренасочување на снабдувањето на пазарно ориентираните партнери или со намалување на производството“, истакна Новак.

Воведување на ограничување на цените на енергенсите и политизацијата на енергетскиот сектор можат да доведат само до дефицит и проблеми во снабдувањето со енергенси, кажа тој.

„Сметаме дека политизација на енергетскиот сектор може да доведе само до дефицит на ресурсите и проблеми со снабдувањето со енергија. Ограничувањето на цените е акт на невидено мешање во пазарните принципи на функционирањето на пазарот на нафта, што неизбежно ќе доведе до пад на инвестициите, ќе ја намали понудата и ќе предизвика дефицит во снабдувањето со нафта и која било друга стока со која се тргува на берзата, за која овој механизам може да се користи во иднина“, истакна рускиот вицепремиер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе