ММФ: Светските економски прогнози се влошуваат

Светските економски прогнози се „влошуваат“, изјави денеска директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева, наведувајќи ги како главни причини војната во Украина и „потресите на цените на стоките“ предизвикани од таа војна.

Фото: ЕПА

Се очекува ММФ да ја објави својата ревидирана надолна прогноза за раст „и за 2022 и за 2023 година“ кон крајот на овој месец, рече Георгиева во белешката насловена „Соочени со влошена економска перспектива: како може да реагира Г20“.

Нотата е подготвена пред состанокот на министрите за финансии и гувернерите на централните банки на земјите од Г-20, кој се одржува в петок и сабота во Бали, Индонезија.

„Кога Г20 последен пат се состана во април, ММФ штотуку ја имаше ревидирано својата прогноза за глобален раст на 3,6 отсто за оваа и следната година, а ние тогаш предупредивме дека може да се влоши поради потенцијалните идни ризици“, напиша Георгиева.

„Оттогаш, поголем дел од тие ризици се оствари и многубројните кризи со кои се соочува светот се интензивираа“, додаде таа.

Директорката на ММФ рече дека инфлацијата е повисока од очекуваното и оти се проширила и на цените на храната и енергијата.

Во својата нота, ММФ предупредува дека оваа инфлација може да поттикне социјални тензии во погодените земји.

Во документот се наведува дека продолжува тенденцијата кон забавување на растот и зголемување на инфлацијата. Како причини за ваквата состојба се наведуваат војната во Украина, но и новите мерки за карантин воведени во Кина во борбата против ширењето на ковид-19 или заострувањето на монетарната политика на централните банки во земјите како што се САД.

Меѓу главните причини за загриженост, ММФ ја наведе и несигурноста во храната, која „брзо се влошува“ и најмногу ги погодува најсиромашните области.

Како начин за справување со овие проблеми, ММФ се залага за продолжување на мултилатерализмот и како пример го дава укинувањето на неодамна воведените ограничувања за извоз на храна.

„Потребна е и проширена меѓународна соработка за да ѝ се стави крај на пандемијата, да се достигнат нула емисии на штетни гасови до средината на овој век, да се поддржат ранливите економии и да се реформира меѓународното корпоративно оданочување“, велат од ММФ.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе