Давос

Кинескиот претседател: Треба да изградиме отворена светска економија

Претседателот на Кина Си Џинпинг го повика светот да ја зајакне макроекономската координација и да ја засили улогата на групата Г20 во глобалното економско управување, оценувајќи дека заздравувањето од пандемијата на коронавирусот е прилично несигурно.

EPA-EFE

Зборувајќи на виртуелното заседание на Светскиот економски форум, кој инаку традиционално се одржува во швајцарскиот ски-центар Давос, Си кажа дека глобалната економска перспектива и понатаму е неизвесна и предупреди дека вакви здравствени кризи можат да се повторат во иднина.

Си, на кого ова му беше прво обраќање на форумот од 2017 година, кога силно ги поддржа слободната трговија и глобализацијата, овој пат испрати слична порака, заговарајќи го мултилатерализмот како излез од сегашните предизвици.

„Би требало да изградиме отворена светска економија, да ги отфрлиме дискриминаторските и исклучивите стандарди, правила и системи и да ги урнеме бариерите во трговијата, инвестициите и размената на технологијата“, кажа тој.

„Групата Г20, меѓународниот форум во кој се 19-те најголеми развиени економии во светот и Европската Унија, би требало да се зајакне како главен форум за глобалното економско управување и светот би требало подобро да се координира во областа на макроекономската политика“, истакна првиот човек на Кина.

Со меѓународната заедница треба да се управува во согласност со правилата и врз основа на консензус на сите земји, а не една или неколку да издаваат наредни, заклучи Си не именувајќи ниедна земја конкретно.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе