Кинеската економија е во полоша состојба од очекуваното

Кина објави извештај за состојбата на економијата во април, кој ја покажува големата економска штета предизвикана од политиката на нулта ковид.

Фото: ЕПА

Малопродажбата и фабричкото производство забележаа драстичен пад. Иако прогнозите за кинеската економија беа намалени поради политиката на нулта ковид, податоците покажуваат дека ситуацијата е полоша и од прогнозата, пренесува Си-ен-ен.

Продажбата на мало во април паднала за 11,1 отсто во однос на 2021 година, покажуваат податоците на кинеското Национално биро за статистика. Тие бројки се полоши од падот од 6,1 отсто во продажбата на мало, прогнозиран од економистите на Ројтерс.

Во април индустриското производство паднало за 2,9 отсто во однос на претходната година. Ова го означува најлошиот пад на индустриското производство од февруари 2020 година, кога кинеската економија речиси запре во почетокот на пандемијата на коронавирусот.

Исто така, невработеноста во Кина се искачила на второто највисоко ниво во историјата. Стапката на невработеност во градовите достигнала 6,1 отсто во април, во однос на 5,8 отсто во март. Стапката на невработеност во март беше на највисоко ниво, дури и повисока од февруари 2020 година.

Азиските берзи, како што се Ханг Сенг во Хонг Конг, шангајската Шангај композит и Коспи од Јужна Кореја, забележаа загуби и падови меѓу 0,3 и 0,5 отсто.

Во почетокот на годината кинеската економија во првиот квартал порасна за 4,8 отсто. Но кинеските власти се борат со коронавирусот во последните две години, а политиката за нулта ковид донесе проблеми во економијата.

Според најновите пресметки на Си-ен-ен, досега најмалку 31 кинески град се во целосна или делумна блокада. Шангај, финансискиот и производствен центар на земјата, е во изолација повеќе од шест недели. Во тој период, голем број компании беа принудени да затворат, вклучувајќи ги производителите на автомобили Тесла и Фолксваген и Епл.

„Сметаме дека растот на БДП веројатно ќе стане негативен во вториот квартал. Владата се соочува со зголемен притисок да донесе нови стимулации за стабилизирање на економијата“, рече Живеи Жанг, претседател и главен економист на инвестициската компанија „Пинпоинт асет менаџмент“.

Кинеските власти се свесни за економските проблеми и затоа неодамна презедоа одредени чекори за ублажување на економската состојба. Народната банка на Кина објави дека ќе ја намали хипотекарната стапка за купувачите што ќе го купат својот прв имот.

Владата во Шангај соопшти дека од понеделник во градот постепено ќе се отвораат продавниците, салоните и рестораните. Попуштањето на мерките ќе донесе олеснување за околу 25 милиони жители на Шангај. Исто така, владата неодамна вети дека ќе му помогне на стопанството преку повисоки инфраструктурни трошоци и поддршка за помалите претприемачи.

Томи Ву, водечкиот кинески економист, изјави за Оксфорд економикс дека ефективноста на владините стимулации во голема мера ќе зависи од обемот на ситуацијата со ковидот и карантините.

„Прогнозираме раст на БДП од четири проценти оваа година. Растот ќе се случи во вториот квартал на 2022 година“, рече Ву.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе