Кина го засили производството на ретки метали

Кина вчера објави дека на рударските компании на почетокот на годината ќе им овозможи вадење на значително поголеми количества на ретки минерали во рамки на годишната квота отколку на почетокот на минатата година.

EPA-EFE

Во првиот циклус на компаниите ќе им биде одобрено вадење на 100.800 тони ретки материјали, за петина повеќе отколку на почетокот на 2021.

Кинеското министерство за индустрија и информациски технологии и министерството за природни ресурси одредија и квота за топење и издвојување на ретки материјали од 97.200 тони, што е исто така за 20 отсто повеќе отколку во истиот минатогодишен период.

Квотите ќе бидат распоредени меѓу четирите водечки рударски компании.

Кина е доминантен светски произведувач на ретки минерали, групата од 17 минерали кои се користат во електричните возила, потрошувачката електроника и воената опрема.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе