Кина би можела да ги престигне САД и за 7 години да стане најголема економска сила

Кина има големи шанси да ја удвои големината на својата економија до 2035 година, со што би ги надминала САД како најголема светска економија, смета економистката на Бенк оф Америка Хелен Кјао.

EPA-EFE

Додека Кина сака да стане напредна држава, кинескиот претседател Си Џинпинг кажа неодамна дека е можно да се удвои бруто домашниот производ (БДП) и доходот по глава на жител до 2035 година.

Удвојувањето на кинескиот БДП бара просечен годишен раст од 4,7 отсто во следните 15 години, за што некои експерти сметаат дека е тешко да се постигне.

Кјао, од секторот за азиска економија на Бенк оф Америка, кажа дека некои мерки за реформи ќе ѝ помогнат на Кина тоа да го оствари.

„Мислиме дека Кина би можела тоа да го оствари“, кажа таа за Си-ен-би-си.

Освен што ќе го удвои својот БДП, азискиот економски џин би ги надминал САД како најголема светска економија во 2027 или 2028 година, предвидува Кјао.

Кина беше една од ретките економии на глобално ниво која порасна во 2020, и покрај пандемијата на коронавирусот.

Официјалните податоци покажуваат дека кинеската економија минатата година се зголемила за 2,3 отсто, а Меѓународниот монетарен фонд за Кина оваа година прогнозираше раст од 8,1 отсто.

Во меѓувреме американската економија се намали за 3,5 отсто во 2020 година, покажуваат новите официјални проценки. ММФ кажа дека американската економија годинава би можела да падне за дури 5,1 отсто.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе