Катар и Кина склучија голема зделка за гас: „Ова е важна пресвртница“

Катарскиот произведувач на гас Катар енерџи потпиша со кинески Синопек 27-годишен договор за испорака на течен гас истакнувајќи ја важноста на долгорочните договори во услови на нестабилност на пазарот. Трката по ЛНГ се интензивираше од воведувањето на санкциите против Русија во февруари, а во побарувачката предводи Европа, која се обидува да го замени рускиот гас, кој во досегашниот увоз учествуваше со речиси 40 отсто.

EPA-EFE

Катар е најголемиот извозник на течен гас во светот, а вчера со кинеската нафтена компанија Синопек склучи долгогодишен договор за испорака.

„Денес е важна пресвртница за првиот договор за купопродажба за проектот Норт филд ист тежок четири милиони тони, со кинески Синопек на период од 27 години“, кажа шефот на Катар енерџи Саад ал Кааби за Ројтерс.

„Многу сме среќни поради потпишувањето на договорот со Синопек бидејќи во минатото имавме долгорочен однос, кој сега е подигнат на ново, повисоко ниво бидејќи имаме купопродажен договор кој ќе трае до средината на векот“, додаде. „Тоа значи дека се склучуваат долгорочни зделки и дека се важни и за продавачот и за купувачот“, истакна Ал Кааби.

„Мислам дека нестабилноста во последно време ги натера купувачите да ја сфатат важноста на обезбедување долгорочно снабдување“, кажа шефот на катарската компанија додавајќи дека преговараат и со други купувачи во Кина и Европа. Механизмот за одредување на цените ќе биде сличен како во досегашните договори кои беа врзани за цената на нафтата, кажа тој.

„Во зделките во Азија цената ја врзуваме за нафтата. Така работевме до сега, а тој механизам ќе го користиме и во иднина“, кажа шефот на катарската компанија која ја презема обврската за транспорт и испорака на гасот. Северното поле е дел од најголемото поле со гас во светот кое Катар го дели со Иран. Иранците својот дел го нарекуваат Јужен Парс, потсетува Ројтерс.

Катар енерџи годинава потпиша пет договори за Норт филд ист, првиот и поголем дел од проектот на проширување на Северното поле во две етапи. Проектот вклучува и шест погони за производство на ЛНГ, со што годишниот катарски капацитет за течен гас ќе се зголеми од сегашните 77 милиони на 126 милиони тони до 2027 година.

Потоа компанијата потпиша договори со три партнери и за Норт филд саут, втората фаза од проширувањето.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе