Истражување: САД поради расната и етничката нееднаквост изгубиле илјадници милијарди долари

Расната и етничка нееднаквост ја чинела американската економија околу 51 илјада милијарди долари во изминатите три децении, изјави функционерката на американската централна Банка Мари Дели, повикувајќи се на најново истражување.

EPA-EFE

Дели ги изнесе заклучоците на истражувањето кое, со тројца коавтори, беше претставено во Институтот Брукингс.

Големите и тврдокорни разлики меѓу расите во вработеноста, степенот на образование и висината на доходот за земјата во целина значи помала економија, кажа претседателката на гранката на Фед во Сан Франциско вчера, ден пред претставувањето на истражувањето.

„Императивот на постигнување еднаквост, ублажување на некои од тие разлики, не е само морален туку и економски“, истакна таа.

Вработеноста на афроамериканските мажи константно е послаба од таа на мажите од други раси, а примањата на афроамериканските и латиноамериканските работници се пониски од тие на белците, се некои од заклучоците на истражувањето.

Авторите пресметале колку би бил американскиот БДП кога на пазарот на труд не би постоеле разлики, кога стапката на вработеност на афроамериканските и латиноамериканските работници би била еднаква на таа на белците, кога еднаков број од нив би завршиле факултет и би заработувале како белците.

Само од работата користа за економијата би достигнала 22.900 милијарди во текот на триесет години, од 1990 до 2019, со поголеми износи во изминатите години, бидејќи уделот на небелата популација би се зголемил, додека расните разлики би останале главно исти,

Повеќе од двојно поголемиот веќе проценет износ од 51.200 милијарди долари вклучува поголеми капитални вложувања, кои можеле да поттикнат попродуктивен базен на работна сила во изминатите три децении, со 2.570 милијарди долари само во 2019 година, истакна Дели.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе