Инфлацијата во САД над 8 отсто, најмногу поскапеле храната, струјата, гасот и бензинот

Растот на потрошувачките цени во САД благо попуштил во август, но се задржал над нивото од осум отсто, поддржан од поскапувањето на храната и енергијата, покажуваат податоците на американското министерство за труд. Индексот на потрошувачките цени покажал раст во август за 0,1 отсто во однос на јули кога цените стагнирале.

EPA-EFE

Во однос на минатогодишниот август потрошувачките цени во најголемата светска економија пораснале за 3 отсто, по растот од 8,3 отсто во јули.

Највисоко ниво во оваа година инфлацијата достигна во јуни кога изнесуваше 9,1 отсто и беше највисока од ноември 1981 година.

Храната во август била поскапа за 13,5 отсто отколку во истиот месец минатата година, а струјата за 15,6 отсто. Американците во август плаќале 33 отсто повеќе за гас и 25,6 отсто повеќе за бензин.

Кога ќе се исклучат храната и енергијата, годишната стапка на инфлацијата изнесувала 6,3 отсто.

Во однос на јули потрошувачките цени благо пораснале бидејќи повисоките трошоци за домување и храна го покриле влијанието на пониските цени на бензинот.

Храната во однос на јули поскапела за 0,7 отсто, а еднаков раст бележат и трошоците за домување.

Енергијата на месечно ниво поевтинила 5,0 отсто, бидејќи падот на цените на бензинот од 10,6 отсто го покрил поскапувањето на гасот и струјата, за 3,5 односно 1,5 отсто.

Ако се одземе влијанието на променливите цени на храната и енергијата, потрошувачките цени во август на месечно ниво пораснале за 0,6 отсто, двојно повеќе од јули, покажуваат податоците.

Инфлацијата успорува бидејќи растот на цените на стоките се смирува по скокот на почетокот на годината, што се припишува на подобрата ситуација во глобалните синџири за снабдување и подобрената потрошувачка на услуги, истакнува Ројтерс.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе