Прв договор од тој вид

Грција тргнува во поход на вселената

Грчката влада и Амазон веб сервисис (АВС), подружницата на Амазон, потпишаа меморандум за создавање регионален вселенски хаб.

EPA-EFE

Тој ќе служи како „дигитален инкубатор“, поттикнувајќи истражување и претприемаштво поврзано со вселената.

Работата на центарот ќе вклучува две различни програми – развој на програма за обука и специјализација на воздухопловни експерти и создавање, развој и дистрибуција на база на податоци за вселената.

Како што јавува Катимерини, владата во тој проект гледа доказ за брзата дигитална трансформација на Грција во последните две години.

Порталот Спејсњуз истакнува дека ова е прв договор од овој вид на компанијата АВС, која го проширува своето присуство во вселената.

Според договорот, АВС и грчката влада ќе соработуваат на промоција на вселенската економија на земјата, поддржувајќи мерки за привлекување и обучување воздухопловни експерти.

Ова вклучува пристап до програмата АВС активејт, која нуди простор и други алатки и ресурси за придвижување на користењето на својата технологија за вмрежување во клауд.

АВС почнува и програма на спонзорство за грчките експерти и организации кои сакаат да чуваат и работат со квалификувани податоци за вселената, преку регистарот на отворени податоци на АВС.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе