Одлука од самитот

Г7 лансира инвестициска иницијатива за да го намали влијанието на Кина

Групата седум најбогати западни економии (Г7) официјално на својот годишен самит иницираше глобално инфраструктурно и инвестициско партнерство чија цел е да го намали кинеското влијание во светот во развој.

EPA-EFE

Програмата на Г7 треба да биде одговор на таканаречената кинеска иницијатива Појас и пат, која според мислењето на западните лидери ги става во должничка замка земјите со инвестициите кои повеќе ѝ користат на Кина отколку на земјите каде се инвестира.

Белата куќа наведе дека иницијативата треба да насочи 200 милијарди долари американски средства во следните пет години, со слични износи од сојузниците од Г7 да се поттикне развојот на инфраструктурата во земјите со ниски и средни приходи.

Како што е наведено, најголемиот дел од финансирањето ќе дојде од приватниот сектор, сувереното богатство и глобалните развојни фондови, а не директно од парите на даночните обврзници.

Соединетите Американски Држави тврдат дека иницијативата поддржана од Г7 промовира одговорни инвестиции чија цел е да бидат корисни за заедниците каде што се пласирани.

Меѓу првите иницијативи е инвестиција од две милијарди долари во соларна фарма во Ангола во југозападна Африка, 320 милиони долари за изградба на болница во Брегот на Слоновата Коска во западна Африка и 40 милиони долари за промовирање на регионалната енергетска трговија во југоисточна Азија.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен кажа дека Г7 нуди „одржлива квалитетна инфраструктура“ и дека „ќе ги слуша земјите“ во кои таа се развива.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе