Франција ги замрзнува цените на гасот за домаќинствата до крајот на годината

Француската влада објави дека ќе ги замрзне цените на гасот за домаќинствата до крајот на годината, продолжувајќи го лимитот до новата грејна сезона. Владата ги замрзна цените во октомври минатата година.

EPA-EFE

Потрошувачите можат и понатаму да сметаат на стабилна цена на гасот бидејќи државата ќе ја покрива разликата до пазарната цена до крајот на 2022 година, изјави премиерката Елизабет Борн.

Владата го ограничи и растот не цената на електричната енергија оваа година на четири отсто, што буџетот ќе го чини милијарди евра.

Франција е помалку зависна од рускиот природен гас од другите европски земји, кажа Борн. Складиштата до есен би требало да бидат полни, истакна француската премиерка.

Следната година владата планира да изгради нов пловечки терминал за течен природен гас (ЛНГ).

Гас во Франција преку гасоводот од Германија не доаѓа веќе една недела, соопшти минатиот петок мрежниот оператор ГРТ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе