Шефот на Националниот завод за статистика Саит Ердал Динџер се најде на мета на критики откако на почетокот на јануари објави податоци според кои годишната стапка на инфлација изнесувала 36,1 отсто, што е највисокото ниво во последните 19 години.
Опозицијата соопшти дека таа цифра е потценета, наведувајќи дека вистинското зголемување на трошоците за живот е најмалку двојно поголемо.
Во издадениот декрет, Ердоган не ја објасни својата одлука за нов шеф на државната статистика, наместо Динџер, да го именува Ерхан Џетинкаја, поранешниот потпретседател на турскиот банкарски регулатор.
Инфлацијата во Турција поради падот на вредноста на лирата скокна на повеќе од 36 отсто, што е рекорд од септември 2002 година.
Меѓутоа, Ердоган во незгодната ситуација 18 месеци пред претседателските избори продолжува да ги брани своите ставови.
Растот на потрошувачките цени, повеќе од седум пати поголеми од првичната цел на владата, се објаснува со падот на турската лира во однос на доларот од речиси 45 отсто на годишно ниво.
Свесен за штетата која нанесена не само на економијата, туку и на неговиот рејтинг на довербата, Ердоган на почетокот на јануари вети дека „што е можно побрзо, ќе ја врати инфлацијата на едноцифрени вредности“.