Директорот на Фолксваген: Подобро да го насочите својот гнев кон Саудиска Арабија

Фолксваген, Дајмлер и БМВ се соочуваат со закана со правни тужби, ако што побрзо не се обврзат на поамбициозен зелен план.

EPA-EFE

„Преминот на Фолксваген на електрични возила е невозможно да се забрза“, предупреди Херберт Дис, извршниот директор на вториот по големина светски произведувач на автомобили.

Фолксваген, како и германските конкуренти Дајмлер и БМВ, се соочуваат со правни тужби на Гринпис и ДУХ (Дојче умвелтхилфе) ако што побрзо не се обврзат на поамбициозниот план на целосно престанување на производство на возила со мотори со внатрешно согорување.

„Навистина сме брзи... Можеме ли да бидеме уште побрзи? Нема шанси. Овој премин е толку искомплициран, бара толку вложување, и тоа не е се проблеми со распределба на капиталот, туку и ограничувањата околу изградбата на погоните за производство на батерии“, им кажа на новинарите Дис во Минхен.

Фолксваген вложи 35 милијарди евра за развој на електричните автомобили, но активистите за заштита на животната средина бараат да направи многу повеќе.

Ситуацијата дополнително им ја закомплицира одлуката на германскиот уставен суд во април, со која на германската индустрија ѝ е наложено да ги забрза своите планови за намалување на јаглерод диоксидот, бидејќи судот смета дека не се доволни за исполнување на целите договорени со Парискиот климатски договор.

Фолксваген минатата година го лансираше својот прв големосериски електричен автомобил ИД.3, а во следната деценија планира да лансира уште неколку десетици модели. Мешутоа, нивното прво електрично возило кое масовно ќе се произведува ќе биде достапно дури во 2025, по цена од околу 20.000 евра.

Дис истакна дека му е јасно зошто произведувачите на автомобили се на мета на активистите, но им порача дека е подобро својот гнев да го насочат кон државите извознички на нафта како Саудиска Арабија.

Во предлог резолуцијата на Европскиот парламент за субвенциите за купување електрични автомобили за намалување на загадувањето со јаглерод диоксид, се повикува Европската комисија да го укине ДДВ-то на електричните автомобили во ЕУ додека нивниот пазарен удел не достигне најмалку 30 отсто од сите автомобили, и да предвиди субвенции на ниво на ЕУ за купување електрични автомобили.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе