Цените на нафтата останаа во близина на 80 долари, 20 танкери со руска нафта чекаат во турските води

Цените на нафтата се задржаа денес во близина на 80 долари, поттикнати од надежта дека изменетите мерки за сузбивање на ковид во Кина ќе ја поттикнат побарувачката и загриженоста за снабдувањето од Русија поради застојот на танкерите во Босфор.

EPA-EFE

На лондонскиот пазар цената на барелот попладне беше повисока за 57 центи во споредба со вчерашното затворање на тргувањето и изнесуваше 79,92 долари. На американскиот пазар се тргуваше по 35 центи повисока цена, од 74,60 долари.

Во фокусот на пазарот денес беше застојот на танкерите со руска нафта во Босфор.

Најмалку 20 танкери со нафта чекаат во турските води премин од Црно Море во Медитеранот додека нивните оператори се обидуваат во што е можно пократок рок да ги испочитуваат турските прописи за осигурување, воведени пред Г7 да ги ограничи цените на руската нафта.

Г7 на осигурувачите и превозниците им се закани со санкции ако превезуваат руска нафта поскапа од 60 долари.

Русија размислува за одговор на ценовниот лимит, вклучувајќи и забрана на продажба на нафта на некои земји и утврдување на максимален попуст, јави рускиот деловен весник Ведомости.

Новинската агенција РИА Новости го цитира потпретседателот на руската влада дека Москва е загрижена поради трупањето танкери во Босфорскиот теснец.

Позначителен раст на цените на нафтата е спречен со предупредувањето на американските банки за веројатна рецесија во следната година, напоменува Ројтерс.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе