Цените на гасот растат како што наближува зимата

Цените на природниот гас во Европа се зголемија оваа недела, поттикнати од силната побарувачка поради студеното време, при што цената на фјучерсите скокна за осум отсто, објави Блумберг.

Фото: ЕПА

Иако цените на гасот на европските пазари паднаа од летните рекорди благодарение на обилната понуда на течен природен гас (ЛНГ), што ѝ помогна на Европа да ги наполни складиштата за гас, тие веројатно ќе почнат повторно да растат.

Цената на природниот гас за испорака во следниот месец денеска се зголеми во холандскиот центар ТТФ за еден процент на 125 евра за мегават-час, а за испорака во јануари на 128,30 евра за мегават-час, според иконографијата на Рефинитив ајкон.

Поради зголемената побарувачка за греење поради зимските температури, која ги зголемува цените на гасот, некои земји од ЕУ почнаа да црпат гас од своите складишта. Резервите во Италија, на пример, веќе паднаа на 93,5 отсто од 95,4 отсто во ноември, бидејќи домашната побарувачка се зголеми.

Во четвртокот Европската комисија даде предлог за ограничување на потрошувачката на гас оваа зима, наведувајќи дека капацитетот за складирање во ЕУ треба да биде најмалку 45 отсто до 1 февруари.

Експертите, сепак, предупредуваат на потенцијално проблематична ситуација, бидејќи забрзаната потрошувачка може да ги исцрпи залихите и да предизвика нарушување во понудата на пазарот.

Неизвесноста во врска со протекот на рускиот гас низ Украина е уште еден фактор што се проценува дека ќе ја зголеми цената на овој енергенс.

Рускиот гасен гигант Газпром во вторникот предупреди дека од 28 ноември би можел да го ограничи снабдувањето на Молдавија преку украинската гасоводна мрежа, обвинувајќи го Киев дека го испумпува гасот наменет за оваа источноевропска земја.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе