Британската влада сака помали даноци за богатите, конзервативците брзо ја губат популарноста

Британската Лабуристичка партија забележа најголемо водство во анкета пред владејачката Конзервативна партија во повеќе од 20 години, а главната причина е предлогот на владата за намалување на даноците за богатите, пишува Тајмс.

Фото: ЕПА

Министерот за финансии Кваси Квартенг минатата недела го претстави планот што предвидува најголеми даночни намалувања во историјата, укинување на лимитите за бонусите на банкарите и огромно задолжување, потресувајќи ги пазарите и притиснувајќи го курсот на фунтата.

Ниту граѓаните не се задоволни, судејќи според анкетата на Југов.

Така, уделот на испитаниците што ги поддржуваат опозициските лабуристи во истражувањето е за цели 17 поени поголем од оној на конзервативците, што е најголема разлика од 2001 година и од мандатот на Тони Блер, пишува Тајмс.

Најавеното намалување на даноците предизвика голем отпор, дури и меѓу конзервативците, покажа истражувањето, па само 19 отсто од испитаниците сметаат дека предлог-буџетот на Квартенг е „праведен“, најмалку откако Југов почна да го поставува прашањето во 2010 година, забележува лондонскиот весник.

Лидерот на лабуристите Кир Стармер денеска планира да го нападне економскиот план на премиерката Лиз Трас, велејќи дека наместо да ги намалуваат даноците за богатите, лабуристите ќе отворат работни места, ќе го подобрат образованието на работниците и ќе се справат со климатските промени, пренесува Ројтерс.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе