Фунтата драматично изгуби на вредност

Британската централна банка итно интервенираше за да спречи економска криза

Британската централна банка презема итни мерки за стабилизација на домашниот финансиски пазар за да се избегне криза на поширок економски план.

EPA-EFE

Претходно владата во Лондон на чело со новата премиерка Лиз Трас им претстави на инвеститорите програма за намалување на данокот кое не би било надоместено од други извори, по што фунтата драматично изгуби на вредност, а државниот долг се зголеми.

Банката на Англија предупреди дека уривањето на довербата во економијата претставува „реален ризик за финансиската стабилност на Британија“, а Меѓународниот монетарен фонд се послужи со ретко користена мерка – ги повика земјите од Г7, групата најразвиени западни економии, да се откажат од националните планови за намалување на даноците и дополнителните задолжувања за да се покријат трошоците.

Британската централна банка соопшти дека во следните две недели ќе откупи долгорочни државни обврзници, а мерките се насочени на долгорочните владини заеми.

Трас најави програма на економска стимулација која вклучува план од 45 милијарди фунти за намалување на даноците и тоа без какви било ограничувања за трошењето.

Со планот е опфатена заштита на домаќинствата и бизнисите од последиците на поскапувањето на енергенсите.

Овие мерки ги загрижија инвеститорите поради можноста од зголемување на државниот долг и разгорување на инфлацијата која веќе сега е на годишно ниво од 9,9 отсто, најголема во последните 40 години.

По објавувањето на новите мерки британската фунта падна на рекордно ниска вредност во однос на доларот.

Приносите на десетгодишна владина обврзница пораснаа оваа година за 325 отсто, што драматично ги поскапува обидите на владата да се задолжува со цел остварување на новата политика.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе