Британија забрани платформа за трговија со криптовалути

Британскиот финансиски регулатор му наложи на Бајненс, платформа за трговија со криптовалути, која е една од најголемите во светот, да ги сопре сите регулирани активности, придружувајќи се на строгите мерки на Јапонија и Германија.

EPA-EFE

Бајненс маркетс, британската гранка на Бајненс, не смее без дозвола од ФЦА да спроведува какви било регулаторни активности, а одлуката стапува на сила веднаш, објави агенцијата за финансиски услуги ФЦА. Бајненс вчера не одговориле на барањето да ја коментираат одлуката. Трговијата со криптовалути во Британија не е директно регулирана, но платформите мора да добијат дозволи за услугите како трговија со деривати на криптовалути.

ФЦА му нареди на Бајненс до 30 јуни на својата интернет страница и каналите на социјалните мрежи да објави информација дека на Бајненс маркетс не му е дозволено вршење регулаторни активности во Британија. Платформата мора да ја зачува комплетната евиденција која се однесува на потрошувачите од Британија и до 2 јули да ја информира ФЦА дека го спровела тој налог. Регулаторот не објасни зошто презема мерки против Бајненс, кој претходно соопшти дека своите законски обврски ги сфаќа многу сериозно и соработува со регулаторите и агенциите за спроведување закони.

ФЦА го засили надзорот над тргувањето со криптовалути, кое стана многу популарно, и во Британија и во светот. Од јануари британскиот регулатор бара од сите компании кои нудат услуги поврзани со криптовалутите да се регистрираат и докажат дека ги почитуваат законите за сузбивање на перењето пари.

На почетокот на јуни објавија дека се регистрирале само пет компании и дека повеќето не ги испочитувале нивните барања. Јапонскиот регулатор соопшти на 25 јуни дека Бајненс во Јапонија работи надвор од законите, според соопштението објавено на интернет страницата на Јапонската агенција за финансиски услуги.

Блумберг во мај јави дека службеници на американското министерство за правосудство и даночната управа кои го истражуваат перењето пари и даночните прекршоци собирале информации од поединци кои имаат увид во работењето на Бајненс, јавува Ројтерс. Во април германскиот финансиски регулатор Бафин го предупреди Бајненс дека му следи парична казна затоа што на инвеститорите им нуди криптовалути без пропишаниот проспект.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе