Берлин остро ја критикува Америка: Цените на гасот им се астрономски

Германскиот министер за економија Роберт Хабек, за весникот Оснабрикер цајтунг, изјави дека цените на гасот од Соединетите Американски Држави се „астрономски“.

EPA-EFE

Во потрагата по алтернатива за рускиот гас државите од Европската Унија мора да плаќаат многу повисоки цени, пред сè за течниот нафтен гас, поради што Хабек критикуваше одделни земји кои испорачуваат гас по огромни цени, пред сè САД.

„САД ни се обратија кога цените на нафтата отидоа во небо и кога во Европа се црпеше од националните нафтени резерви. Сметам дека солидарноста сега би била добра за намалување на цените на гасот“, порача германскиот министер.

ЕУ, кажа Хабек, би требало да ја обедини својата пазарна моќ и да координира паметно и синхронизирано купување, за одделни земји да не се натпреваруваат и да го поттикнуваат растот на цените на светските пазари.

„Европската пазарна моќ е огромна и мора да биде искористена“, истакна Хабек.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе