Бајонтек поради продажбата на вакцината има сто пати поголеми приходи

Германската биотехнолошка компанија Бајонтек објави дека приходот и е зголемен за повеќе од сто пати во второто тромесечје благодарение на продажбата на вакцината против ковид-19, прогнозирајќи дека во целата година ќе достигне 15,9 милијарди евра.

EPA-EFE

Во второто тромесечје приходот на германската компанија, која ја разви вакцината во соработка со американски Фајзер, скокна на 5,31 милијарда евра. Во истиот период минатата година изнесувал 41,7 милиони евра.

Нето добивката изнесувала во периодот од април до јуни 2,79 милијарди евра. Второто тромесечје минатата година компанијата го завршила со загуба од 88,3 милиони евра.

Наведуваат дека со Фајзер до 21 јули оваа година испорачале повеќе од милијарда дози од вакцината во повеќе од 100 земји и територии низ светот и потпишале договори за испорака на речиси 2,2 милијарди дози.

Очекуваат до крајот на оваа година нивниот годишен капацитет за производство на вакцини да достигне три милијарди дози, а во 2022 би требало да биде зголемен на до четири милијарди дози.

Проценуваат дека во финансиската 2021 година по испораката на договорените 2,2 милијарди дози вакцини нивниот приход ќе изнесува 15,9 милијарди евра.

Фајзер на крајот на минатиот месец ја крена проценката на својот идел во овогодишниот приход од продажбата на вакцини на 33,5 милијарди долари.

„За да ја сузбиеме пандемијата која сè уште не е завршена, ја зголемуваме понудата на нашата вакцина против ковид-19 во над 100 земји и територии низ светот и им го олеснуваме пристапот на земјите со низок и среден доход“, истакна коосоновачот и извршен директор на Бајонтек Угур Сахин.

Компанијата соопшти и дека се спроведуваат дополнителни клинички истражувања за да се добијат дозволи за вакцината во уште поголем број земји и во дополнителни групи од населението, вклучувајќи ги децата на возраст од шест месеци до 11 години и здравите трудници.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе