Индипендент

Зошто Западот не е трогнат од турските жртви?

„Ако демократски избран диктатор сака да учествува во граѓанска војна во соседна држава, што друго може да очекува освен масакр во сопствените големи градови“.

Вала почнува анализата на реакцијата на Западот на терористичките напади во Турција на Роберт Фиск, повеќекратно наградуван писател и дописник на Индипендент од Блискиот Исток. Фиск во арапскиот свет живее над 40 години и ги покривал настаните во Либан, петте израелски инвазии, иранско-ирачката војна, советската инвазија во Авганистан, алжирската војна, инвазијата на Садам во Кувајт и низа други регионални конфликти.

„Турција е сама. Прво ќе ги разгледаме расистичките причини за тоа. Да беа 39 мажи и жени убиени за Нова година во Париз, Брисел или Берлин, насловните страници ќе беа полни со тоа три или четири дена. Но, бидејќи ова е Турција, муслиманска земја, чие население не е толку бело како христијанското, насловите многу побрзо се изгубија. Не е наш проблем, велат западњаците.

Тогаш тука се и воените причини. Нели Турција учествуваше во војната во Сирија? Нели дозволи шверцување оружје и пари преку границата на терористичката ИСИС и разни други групи поддржани од САД? Нели Турција повторно почна војна со Курдите? Што можеше друго да очекува освен масакри во сопствените градови?

Тука се и политичките причини. Турција некогаш сакаше да влезе во Европската Унија. Сега повеќе не се толку сигурни, и кој може да ги обвини? Нивната сегашна политика е дека го прифаќаат митото на ЕУ за затворање на морето за бегалците, бараат укинување на визите за своите граѓани и договараат соработка со Русија и Кина.

За човек кој е наводно носталгичен по старото турко царство, Ердоган во надворешната политика настапува анти-османски. Смета дека со Трамп во Белата куќа ќе се протне без критики. Тоа и е дел од проблемот: сојузништвото на Ердоган е превртливо. Прво урива руски воен авион, па му се умилкува на Путин, го сака Асад на почетокот на војната во Сирија, па подоцна го мрази, ѝ се додворува на ЕУ, а потоа плука по Унијата.

Секој кој ги бомбардира Курдите додека тврди дека ја бомбардира ИСИС, кој бара никој да не се меша во „внатрешните работи“ на земјата додека размествува војници во Сирија и Ирак, оди по опасен пат.

Што е следно? Уште масакри? Уште обиди за државен удар? Тоа не е сигурно. Масовните апсења во една од најголемите војски на НАТО алијансата служат за да се спречи успешен државен удар – удар во кој самиот Калиф би можел да заврши во затвор. Или полошо“, заклучува Фиск.

Не треба да паднеме во замката која не втурнува во спиралата на континуирано себепоништување.

повеќе

Инвестицијата за изградба на автопатиштата Штип-Миладиновци и Кичево-Охрид повеќе личи на наш подарок за Кинезите, отколку на вистинска инвестиција.

повеќе

На заштитата на животната средина треба да се гледа како на животно важен дел од управувањето на државата.

повеќе