Би-би-си

Зошто се толку опасни непредвидените коментари на Бајден за Путин

Изминатава недела американскиот претседател Џо Бајден даде низа коментари, кои не беа дел од пишаните говори, кои ја кренаа температурата на односите меѓу САД и Русија речиси до точка на вриење, вели Би-би-си.

Фото: ЕПА

Сепак, неговата непредвидена реченица на крајот на „големиот говор“ во саботата во Полска – во која навидум повика претседателот Владимир Путин да биде отстранет од власта – предизвика можеби најжестоки реакции.

Во својот говор пред толпата собрани полски владини функционери и достоинственици во Кралскиот замок во Варшава, американскиот претседател уште еднаш предупреди дека светот се наоѓа во екот на конфликт што ја дефинира ерата, конфликт меѓу демократиите и автократиите.

Тој вети дека НАТО ќе го брани „секој инч“ од почвата на своите земји-членки. Тој, исто така, вети континуирана поддршка за Украина, иако истакна дека американската војска нема да се бори со руските сили таму.

Тоа беше конфронтирачки, но одмерен говор – сосема во согласност со она што американските претставници, од државниот секретар Антони Блинкен па надолу, го кажуваат со месеци.

Потоа, непосредно пред „благодарам“ и „збогум“, Бајден додаде за својот руски колега: „Побогу, луѓе, овој човек не може да остане на власт“.

„Овој говор - и пасусите што се однесуваат на Русија - се зачудувачки, учтиво кажано“, рече портпаролот на Русија, Дмитриј Песков. „Тој не разбира дека светот не е ограничен само на САД и поголем дел од Европа.“

САД повторно се дообјаснуваа.

„Поентата на претседателот беше дека на Путин не може да му се дозволи да си ја тренира власта над своите соседи или регионот“, рече претставник на администрацијата на Бајден. „Тој не зборуваше за власта на Путин во Русија, ниту за промена на режимот.“

Брзината со која САД го издадоа своето „појаснување“ - кое подоцна го повтори Блинкен - сугерира дека САД ја разбираат опасноста врежана во зборовите на Бајден.

Претходно истиот ден американскиот претседател го нарече Путин „касап“. Минатата недела, тој скршна од дипломатскиот процес на сопствената администрација обвинувајќи го рускиот лидер за воени злосторства. Во двата случаи, коментарите на Бајден поттикнаа осуди и предупредувања од Москва дека дипломатските односи меѓу САД и Русија се нарушени до степен на прекин.

Постои линија помеѓу осудувањето на лидерот на една нација - понекогаш прегреаната реторика на дипломатијата - и повикувањето на негова смена. Тоа беше линија што и Американците и Советите ја почитуваа дури и во екот на Студената војна. И тоа е линија што Бајден очигледно ја премина, вели Би-би-си.

„Промена на режимот“ е нешто за што моќните земји се обвинувани дека им го наметнуваат на послабите - а не нешто што една нација со нуклеарно оружје го бара од друга таква.

До неделата дури и некои американски сојузници пробаа да се оградат од коментарите на Бајден.

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека американскиот претседател ги доведува во опасност преговорите за прекин на огнот меѓу Русија и Украина.

„Сакаме без ескалација и без хушкање да ја запреме војната што Русија ја почна во Украина“, рече тој. „Ако тоа е она што сакаме да го направиме, не треба да ги ескалираме работите - ниту со зборови ниту со дела.“

Во Вашингтон, конгресните лидери, исто така, изразија загриженост. Републиканецот од Ајдахо Џим Риш, виш републиканец во Комитетот за надворешни односи на Сенатот, изјавите на Бајден ги нарече „ужасен гаф“.

„Боже мој, би сакал да го држат на она што му е напишано“, рече тој. „Секогаш кога ќе кажете или дури, како што направи тој, ќе сугерирате дека политиката ви е промена на режимот, тоа ќе предизвика огромен проблем. Оваа администрација направи сѐ што може за да престане ескалацијата. А најголема ескалација може да предизвикате со повик на промена на режимот“.

Во овој момент на дипломатска криза – кога лошо избраните зборови можат да доведат до последователни дејства – ваквите непланирани коментари се слабост, вели Атлантик.

„Во моментов зборовите на секој светски лидер се важни, а најмногу оние на претседателот на Соединетите Држави.“

Бајден можеби верува дека односите меѓу САД и Русија се нарушени до тој степен што нема да бидат поправени сѐ додека Путин е на власт. Директното искажување, сепак, би можело да ја отежни целта на САД - завршување на војната во Украина со зачувување на територијалниот интегритет на нацијата, вели Би-би-си.

Ако рускиот лидер верува дека неговата власт е загрозена и ако верува дека САД не толку тајно се стремат кон тоа, пресвртот во кризата од овој момент можеби нема да тргне кон мир.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе