Економист

Зошто цената на струјата во Европа е на рекордно ниво

Во Европа цената на електричната енергија е во постојан раст.

EPA-EFE

Економист пишува дека пред сè ова може да се препише на периодот по економското заздравување, но во последните неколку недели се бележи драматичен пораст.

Од почетокот на септември, големопродажните цени на електричната енергија во Германија и Франција пораснаа за 36, односно за 48 отсто. Сега се движат околу 160 евра по мегават час, што е рекордно ниво. Во Британија цените се на огромни 453 евра, во однос на 173 евра пред неколку недели.

Еден од проблемите е снабдувањето со природен гас, кој се користи за производство на околу една петтина од европската електрична енергија. Недостигот ја зголеми неговата цена – па со самото тоа и цената на електричната енергија. Околу третина од европските резерви доаѓа од Русија, а петтина од Норвешка. Двете земји се погодени од пречки, како пожарот во погонот за преработка во Сибир, кој предизвика снабдување помало од очекуваното.

Европските купувачи, како националните гасни компании, се свртеа кон пазарот на течен природен гас (ЛНГ) за да го надоместат недостигот. Но мораа да се „натпреваруваат“ со купувачи во Кина и Јапонија, каде побарувачката за ЛНГ расте. Од јануари до јули увозот на ЛНГ во Европа беше 15 отсто под минатогодишниот обем, напоменува Греам Фридмен, аналитичар во истражувачката компанија Вуд Мекензи. Покрај сè, Европа претрпе и студена, продолжена зима која ги потроши резервите. Тие се сега околу 25 отсто под својот вообичаен просек.

Европските претпријатија најчесто одговараат на високите цени на гасот користејќи повеќе јаглен. Но цената на јагленот е исто така рекордно висока поради кинеската побарувачка за електрична енергија и проблемите односно застоите во производството. Трошоците за европските дозволи за емисиите на јаглерод се исто така рекордно високи. Тие на сопственикот на дозволата му даваат право да емитува одредено количество гасови со ефект на стаклена градина. Имајќи предвид дека согорувањето јаглен емитува повеќе штетни гасови во однос на согорувањето на природниот гас, на веќе скапите дозволи за јаглерод дополнително им се зголемува цената.

Друг фактор е ветерот – или недостигот од него. Околу десетина од европската енергија произведува ветерот. Во некои земји, вклучувајќи ги Германија и Британија, уделот е двојно поголем. Меѓутоа, неодамна воздухот беше невообичаено мирен. На пример, во Германија во текот на првите две недели од септември производството на енергија од ветер била 50 отсто под петгодишниот просек, вели Рој Мануел од истражувачката компанија ИЦИС.

Високите цени на електричната енергија се најизразени во Британија. Тоа е затоа што особено зависи од гасот и ветерот. Двата извори произведуваат околу 60 отсто од британската електрична енергија, речиси двојно повеќе од европскиот просек. Друг фактор е тоа што Британија е помалку поврзана со своите соседи со европската мрежа, што помага во ширењето на понудата и побарувачката на електричната енергија на континентот и ги прави цените постабилни. Овој проблем значително се засили оваа недела кога интерконекторот меѓу Британија и Франција беше прекинат поради пожар.

Аналитичарите очекуваат цените да останат повисоки за време на целата зима, кога побарувачката за греење и електрична енергија ќе го достигне врвот. Тоа е лоша вест за европските потрошувачи, кои ќе сносат голем дел од трошоците. Некои земји веќе се обидуваат да ги заштитат. Во Шпанија владата усвои итни мерки за да ја ограничи цената на гасот и профитот на комуналните претпријатија. Италијанската влада размислува за начин на пресметување на сметките за струја. Но креаторите на политиката нема да можат да ги заштитат потрошувачите од најекстремните влијанија на недостигот од природен гас. Некои аналитичари сметаат дека особено студена зима би можела да предизвика и рестрикции на струјата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе