Во Србија речиси три месеци по изборите нема официјални резултати

Во Србија на 3 април беа одржани општи избори. Се гласаше за претседател на Србија и пратеници во Народното собрание, а беа одржани и локални избори во Белград.

EPA-EFE

Во меѓувреме поминаа речиси три месеци. На претседателските избори повторно убедливо победи Александар Вучиќ, кој беше инаугуриран и му почна вториот претседателски мандат. Во Белград беше конституирано градското собрание и за градоначалник беше избран Александар Шапиќ од Српската напредна партија (СНС) на Вучиќ.

Но Србија, според формално важечкиот устав, е парламентарна република во која најголемата политичка моќ треба да ја има премиерот кој ќе собере мнозинство во собранието. Таквиот уставен поредок уште своевремено го узурпираше Борис Тадиќ кога беше претседател, кога за премиер го постави Мирко Цветковиќ. Вучиќ отиде подалеку по истиот пат, присвојувајќи голема моќ која уставно воопшто не му припаѓа.

Србија така во моментов се наоѓа во ситуација да не е формирано ново собрание бидејќи воопшто не се прогласени официјалните резултати од парламентарните избори, што е работа на Републичката изборна комисија (РИК).

Како Србија се најде во ситуација да изгледа како банана-република која не е во состојба да ги спроведе и верифицира резултатите од парламентарните избори?

Одговорот е: Александар Вучиќ, пишува хрватски Индекс.

Србија под негова власт стана она што политиколозите го нарекуваат хибриден режим, односно комбинација од автократија и демократија, а во грабањето на Вучиќ на секоја можна власт во сопствени раце први настрадаа државните институции, кои се целосно партизирани.

Една од нив е и Републичката изборна комисија, која својата подложност на Вучиќ ја демонстрираше во текот на изборната ноќ. Изборната комисија во еден момент замина дома, одбивајќи да ги објави првичните резултати од изборите.

РИК во меѓувреме не успева успешно да организира повторени избори во неколку места, од кои последно остана во општина Бујановац на југот на Србија. Изборите во местото Велики Трновац се повторуваа по четврти пат. И сето тоа оневозможува прогласување на официјалните резултати на изборите, па и конституирање на Националното собрание.

На Вучиќ таквата ситуација му одговара од две причини. Првата е што во моментов тој е единствениот легитимен избран претставник на власта во Република Србија. Втората е поврзана со војната во Украина, односно обидите на Вучиќ да остане неутрален. За неговата СНС во парламентот да добие мнозинство, потребен му е помал коалициски партнер. Досегашните верни партнери како СПС на Ивица Дачиќ отворено се декларираат како проруска партија, па нова коалиција на СНС со нив би претставувала надворешнополитички проблем за Србија. Остатокот од десничарската опозиција е уште повеќе на страната на Русија.

Затоа РИК одолговлекува со прогласувањето на официјалните резултати за собранието, кое можеби нема да биде конституирано ни до декември годинава, според некои проценки на српските медиуми.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе