Македонија втора

Во Србија најголем број активно заболени на 100 илјади жители во регионот

Во регионот најголем број активно заболени на 100 илјади жители се регистрирани во Србија, на второто место е Македонија, а на третото Босна и Херцеговина.

Во Србија се регистрирани 65 активно заболени на 100 илјади жители, во Македонија 23, а во БиХ 15 активно заболени на 100 илјади жители.

На четврто место е Косово со 11 заболени на 100.000 жители, потоа следат Албанија со седум, Хрватска со два и Словенија со еден активно заболен.

Во регионот најмногу заразени со коронавирусот во однос на бројот на жители се регистрирани во Србија, на второ место е Македонија, а на третото Словенија.

Во Србија се регистрирани 1.617 заразени на милион жители, во Македонија 1.024, а во Словенија 712 инфицирани на милион жители.

На четврто место е БиХ со 702 зарзени, потоа следат Хрватска со 550, Црна Гора со 514 и Албанија со 382 инфицирани на милион жители.

Бројот на заразените се изразува на милион жители за поквалитетно споредување.

Во однос на бројот на инфицираните најголема е смртноста во Словенија, 7,33 отсто, потоа е БиХ со 6,04 отсто, Македонија со 5,92 отсто и Хрватска со 4,59 отсто.

Стапката на смртноста во Албанија е три, во Црна Гора 2,78 и во Србија 2,13 отсто.

Најмногу тестирани во однос на милион жители има во Словенија, 37.280 на милион жители, на второто место е Србија со 34.373, а на третото Црна Гора со 19.976.

На четвртото место е Бих со 17.953 на милион жители, Хрватска со 16.096 и Македонија со 13.374 тестирани на милион жители.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе