ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Вербата во Господ опаѓа по турбулентната 2016 година, атеизмот расте

Терористичките напади, контроверзните изборни резултати и смртта на низа обожавани познати личности предизвикале многумина да ја загубат верата во Бога, вели една неодамнешна анкета.

Според анкетата ЈуГав за Тајмс, вкупно 4 отсто од Британците ја загубиле својата верба во семоќниот помеѓу февруари и декември 2016 година - паѓајќи во просек на 28 проценти. Атеизмот пораснал за пет проценти, од 33 на 38.

Агностицизмот или верувањето во некаква виша сила останува стабилен на 20 проценти. Четиринаесет отсто од испитаниците одговориле дека не знаат во што да веруваат.

„Немањето ниедна религија“ е во пораст во последниве години. Истражувањето на британските ставови во 2015 покажа дека атеизмот пораснал од 15 отсто во 2011 година на 25 отсто четири години подоцна. Верувањето во Бог е нешто што половина Велика Британија среќно го признаваше во 1991 година, но само 35 отсто од Британците се чувствувале така до 2008 година.

И иако анкетата на ЈуГав не изведува никаква директна врска меѓу ужасните настани во 2016 година и падот на верата, падот во верското убедување е поголем во последните 11 месеци од просекот од 1 отсто во последните години.

Сепак, уште една анкета од истата група откри дека речиси половина од тие што на референдумот за ЕУ гласале за останување не се верници. И покрај фактот дека повеќето од оние што биле за „напуштање“ биле на возраст од 65 или повеќе години, бројот на неверниците меѓу евроскептиците всушност бил 35 отсто.

Сепак, бројките цитирани од Тајмс укажуваат дека 46 отсто од 18- до 24-годишниците, всушност, ја отфрлиле идејата за Бог или за некоја виша сила, а само една четвртина од оние на возраст од 65 и повеќе го чувствуваат истото.

Спротивно на тоа што Црквата на Англија, Католичката и Методистичката црква опаѓаат по бројност, џамиите и независните цркви, особено Пентекостите деноминации, наводно се во подем.

Портпаролот на англиканската црква искоментирал само дека анкетите се „сомнителна“ работа.

Декемврискиот извештај на Мeѓународната кризна група и платформата на трите партии на македонските Албанци.

повеќе

Изминатите неколку дена Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) објави неколку милиони документи во врска со нивната работа, меѓу кои илјадници документи се однесуваат на СФРЈ и Македонија. 

повеќе

Искрено, сметам дека Трамп нема многу да се посвети на Македонија и на Балканот, како што некои мислат.

повеќе