Украински пилоти: „Турските дронови „барјактар“ се бескорисни во Донбас, дајте ни Ф-16-ки“

Многубројните руски противвоздушни одбранбени системи во источна Украина сè повеќе ја ограничуваат ефикасноста на украинските беспилотни летала, поткопувајќи ја важната украинска способност во војната, пишува американскиот Институт за проучување на војната.

EPA-EFE

Џек Детсч од магазинот Форин полиси цитира неколку анонимни украински функционери и воени лица кои тврдат дека украинските сили главно прекинале со користење на турските беспилотни летала „барјактар“, кои со голема ефикасност се користеа претходно во војната, според западни извори, а главно поради подобрувањето на капацитетите на руската противвоздушна одбрана.

Исто така, Киев наводно е сè позагрижен дека и американските дронови „греј игл“, за кои се зборува дека САД би можеле да ѝ ги испратат на украинската војска, исто така би биле лесна мета за руските ПВО системи над Донбас.

За тоа јавно зборуваа и двајца украински пилоти за сајтот Вор зоун. Тие признаа дека турските „барјактари“ се практично бескорисни кога ќе се соочат со сè посилната руска противвоздушна одбрана. Јасно дадоа до знаење дека се повеќе заинтересирани да бидат тренирани на релативно застарени западни авиони, како Ф-16 од американско производство.

Нивните коментари сè повеќе ја разгоруваат пошироката дебата која сега се води меѓу пилотите и украинската воена команда околу јакнењето на украинските воздушни сили.

Украинските сили наводно ги намалиле операциите на 20 до 30 лета дневно и се соочуваат со недостиг од расположливи авиони за активните пилоти.

Руските сили веројатно даваат предност на распоредувањето системи за противвоздушна одбрана во источна Украина за да ги анулираат операциите на украинските летала и да ги заштитат артилериските системи со помош на кои остваруваат напредок, пишува Институтот за проучување војна.

Меѓутоа, украинските воздухопловни сили и вооружените беспилотни летала и понатаму се активни на други делови на бојното поле, па така, според непотврдени украински тврдења, спровеле неколку успешни напади на цели во областа на Херсон минатата недела.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе