Се надеваат на подобри односи ако победи

Трамп не направи ништо добро за Русија, но е помалото од двете зла

Владимир Жириновски, цврстиот сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, организираше прослава со шампањско во рускиот парламент по повод победата на Доналд Трамп на претседателските избори во 2016.

EPA-EFE

Меѓутоа, ветеранот на руската политика сцена вели дека овој викенд неговите млади активисти ќе се соберат пред американската амбасада во Москва и ќе извикуваат „Урнете ги Бајден и Трамп“.

„Тој (Трамп) не направи ништо добро за нас“, изјави за Ројтерс Жириновски, лидерот на Либерално-демократската партија на Русија.

„Но се однесуваме во согласност со руската поговорка да го бираме помалото од двете зла. Бајден е преголемо зло“.

74-годишниот Жириновски е познат по запаливата националистичка реторика и често има непримерни настапи, но неговите коментари некогаш се гледаат како одраз на расположението во Кремљ – кој, кога станува збор за американските избори, е благо наклонет кон Трамп, пишува Ројтерс.

Долниот дом на рускиот парламент ја поздрави со аплауз победата на Трамп во 2016, искажувајќи го задоволството поради неговата пофалба на сметка на Путин и надевајќи се на подобри односи. Ројтерс наведува дека таа еуфорија испарила по четири години. Некои делови од руската политичка елита ја поздравија поларизацијата која Трамп ја поттикна во американската политика.

„Американците беа премногу зафатени со меѓусебните конфликти за да обраќаат внимание на нас, и тоа ни се допаѓа“, кажа руски функционер кој сакал да остане анонимен. „Не сакаме кога други го бутаат носот во нашите работи“.

Меѓутоа, надежите на Кремљ за подобри американско-руски односи никогаш не се остварија. Вашингтон ѝ воведе санкции на Русија поради наводното мешање во американските избори и други активности, се обиде да го попречи проектот на гасоводот Северен тек 2 и се повлече од клучниот договор за нуклеарното вооружување.

„За време на мандатот на Трамп, во принцип беа уништени сите столбови на односите“, вели АНдреј Кортунов, шефот на рускит Сојуз за меѓународни работи.

„Имавме дипломатска војна, двете амбасади станаа кко тврдини под опсада“, вели Кортунов, мислејќи на бранот на протерувања дипломати поради труењето на рускиот двоен агент во Британија во 2018.

Кремљ соопшти дека Русија ќе соработува со кој било американски лидер, а неодамнешните соопштенија на Путин околу тоа прашање покажуваат дека тој се обезбедува за секој исход, фалејќи ги и критикувајќи ги и Трамп и Бајден, наведува Ројтерс.

Функционери на руската влада приватно кажуваат дека не се надеваат на подобри односи ако победи Трамп бидејќи очекуваат Конгресот и домашната политика во САД и понатаму поприлично да го ограничуваат неговиот маневарски простор.

Сметаат дека Бајден е поостар кон Русија, но дека е помалку непредвидлив од Трамп и можеби поотворен за склучување договори за контрола на нуклеарното вооружување.

Изборите со месеци ја уриваат вредноста на рубљата, при што инвеститорите ја поврзуваат победата на Бајден со поголем ризик од дополнителни санкции.

Според официјалната реторика, на Жириновски и другите, се заклучува меѓутоа дека Трамп останува омилениот кандидат на Москва, иако го нема претходниот ентузијазам. Кремљ го обвини Бајден за разгорување омраза кон Русија со тоа што ја окарактеризира како најголема закана за американската национална безбедност. Самитот во 2018 во Хелсинки покажа дека Путин и Трамп добро се сложуваат на лично ниво, но не постојат такви надежи кога станува збор за односот Путин-Бајден.

„Јасно е дека тие две личности меѓусебно не се обожаваат“, вели Кортунов.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе