Талибанците денес се посилни од кога било, но се соочуваат со закана

Една година откако се вратија на власт во Авганистан, талибанците се воено посилни од кога било, но закани за нивната власт има, без оглед дали станува збор за Националниот фронт на отпорот (НРФ) или сунитската џихадистичка Исламска држава – Корасан (ИСИС-К).

EPA-EFE

За да ја зацврстат власта, талибанците во планините на долината Панџшир, упориштето на единствената конвенционална закана на исламистите од преземањето на власта во август 2021, распоредија повеќе илјади борци.

Живописната долина на североистокот на Авганистан, која со децении им пружа отпор на силите кои ја опкружуваат, го изроди НРФ, милитантната група која во 80-тите години од минатиот век ја водеше Ахмад Шах Масуд – Лавот од Панџшир, во борбата против советските сили. НРФ сега го предводи неговиот син Ахмад Масуд кој се наоѓа на непозната локација во егзил.

Проблеми и со остатоците на ИСИС

На другата страна од спектарот, ИСИС-К во изминатите 12 месеци изврши низа бомбашки и самоубиствени напади, но џихадистите се главно фокусирани на „меки“ мети, шиитски џамии и храмови на сики, не изложувајќи се ан директни судири со талибанците.

По хаотичното повлекување на американските и другите странски трупи на 31 август минатата година, заканите на Западот на талибанското владеење се сузбиени, иако неодамнешната ликвидација на лидерот на Ал каеда Ајман ал Завахири со американски држн во Кабул покажува колку талибанските лидери се ранливи кога станува збор за силен непријател.

Талибанците и понатаму најмногу ги загрижува долината Панџшир, но американскиот аналитичар Мајкл Кугелман смета дека на посериозен отпор на исламистите ќе мора уште да се причека. „Ако ИСИС-К реди напади и почне со посериозни удари врз талибанците, мислам дека НФР од тоа би можел сериозно да профитира“, смета Кугелман.

„Ако сè повеќе авганистански семејства се разнесени во нападите на џихадистите на Исламска држава – Корасан, сметам дека тоа сериозно би му наштетило на легитимитетот на талибанците и дека НРФ би можел да профитира, тоа би им дало шанса“, додава Кугелман.

Борбите за Панџшир

Панџшир беше последната покраина која минатата година падна во рацете на талибанците. Им се спротивставуваше до 6 септември, три недели откако талибанците го заземаа Кабул. Непријатниот мир тогаш влезе во долината сместена 80 километри северно од Кабул и траеше сè до мај, кога борците на НРФ повторно нападнаа од планините.

Како одговор, талибанците испратија повеќе од 6.000 свои борци во долги конвои со оклопни возила за да ги заплашат тамошните жители. „Откако дојдоа, луѓето се во паника, не можат слободно да зборуваат“, му кажа Амир на новинарот на Франс прес.

„Ако видат млади како заедно седат, талибанците веднаш мислат дека планираат нешто против нив“, додава момчето чие вистинско име не е Амир, стравувајќи дека откривањето на идентитетот би му го загрозило животот.

И во далечните 80-ти, по повлекувањето на Црвената армија и граѓанската војна која следеше во 80-тите, Панџшир одолеваше. Шах Масуд беше убиен во атентат два дена пред 11 септември 2001 и нападот врз САД.

Талибанците сега го контролираат главниот пат кој минува низ долината, со бројни контролни пунктови. Повеќе илјади луѓе избегаа од долината во која некогаш живееја околу 170.000 луѓе. „Некогаш овде сакавме да доаѓаме“, вели Набија која во долината дошла со своите четири сестри на погребот на мајката.

„Во нашите срца сега има само страв. Се плашиме дека нашите мажи, кога би дошле, само би ги извлекле од автомобилите и би ги одвеле“, додава.

Талибанската власт

Групите за човекови права ги обвинуваат талибанците за зачестените злосторства во Панџшир, вклучувајќи и вонсудски егзекуции. „Тие се без ред апсени и често се подложени на претепување и мачење, што во некои случаи завршува со смрт“, предупреди во јуни Амнести интернешнал.

Според Џамшед, жител на еден град во долината, талибанците апсат и им се закануваат на семејствата на борците во движењето на отпорот. „Затоа многу борци на НРФ слегоа од планините и се предадоа“, вели тој.

Талибанците испраќаат контрадикторни пораки околу тоа колку НРФ претставува вистинска закана. Од една страна, талибанските власти го негираат нивното постоење, а од друга страна испраќаат илјадници борби да се борат со нив.

„Нема фронт, тој не постои. Само неколку луѓе во планините кои ги ловиме“, вели Абдул Хамед Курасани, командант на специјалните талибански сили во долината.

Али Назари, шеф на одделот за надворешни работи на НРФ, го доведува во прашање тврдењето на талибанците. „Ако нè има толку малку и ако сме сместени на планините, зошто испраќаат илјадници свои војници?“, праша Назари.

Според него, НРФ има околу 3.000 борци и бази низ покраината. Кугелман верува дека НРФ има волја да се бори, но нема капацитет. „За НРФ да стане ефикасна група, ќе им треба надворешна поддршка, воена и финансиска“, заклучува Кугелман.

Панџшир, како што тврди американскиот Институт за воени студии (ИСВ), стана центар на новиот отпор. „Имајќи ја предвид геостратегиската локација, опкружена со горите на Хиндукуш, долината Панџшир им дава голема предност на герилските борци“, пишува во најновиот извештај на ИСВ.

Во деведесеттите години на минатиот век отпорот против талибанците имаше меѓународна поддршка од главните сили, но денес, поради немањето меѓународна поддршка, борбата против талибанците на национално ниво останува изолирана и недоволно подготвена, заклучува ИСВ. САД го затворија своето авганистанско поглавје, со многу малку мотивација за ангажман во тој регион.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе