Суровиот одговор на исламистите на Макрон

На три места исламистите денес извшрија напади врз Французите, а тоа е само кулминацијата на конфликтот кој почна на највисоко државно ниво.

EPA-EFE

Денес беа извшрени одвоени напади на исламисти врз Французите во Ница, Авињон и Џеда. Три лица се убиени во нападот во Ница. Ранет е работник на обезбедувањето на францускиот конзулат во саудискиот град Џеда. Во Авињон е убиен напаѓач кој со нож им се заканувал на минувачите.

Се одржаа простести против францускиот претседател Емануел Макрон во неколку муслимански земји. Истовремено во Ирак, Иран, Бангладеш, Сомалија и Пакистан демонстранти палеа француски знамиња и слики на Макрон.

Во исламскиот свет денес се одбележува Мавлид, денот на раѓањето на Мухамед кој тие го сметаат за пророк.

Конфликтот настана кога францускиот претседател Макрон на почетокот на месецот најави сеопфатни планови за сузбивање на исламските радикали во Франција, истакнувајќи дека исламот е во криза поради подемот на фундаменталистите.

Таа изјава наиде на жесток одговор на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој жестоко го критикуваше односот на францускиот претседател Макрон кон муслиманите. Ердоган дури го доведе во прашање неговото ментално здравје.

„Сѐ што може да се каже за шеф на држава која на тој начин ги третира милионите припадници на различните верски заедници е – прво провери го своето ментално здравје“, кажа Ердоган.

На тие зборови реагираше Франција, која го повлече својот амбасадор од Турција.

„Коментарите на претседателот Ердоган се неприфатливи. Навредувањето и грубоста не се начин. Бараме Ердоган да ја смени политичката насока, бидејќи неговата политика е опасна во секоја смисла. Не влегуваме во излишни полемики и не прифаќаме навреди“, истакна Елисејската палата.

Ердоган потоа ги повика Турците да не купуваат француска стока.

Предлог законот за борбата против „исламскиот сепаратизам“ во Франција, чија мета е радикалниот ислам, треба да се најде во парламентот на почетокот на декември. Целта е да се зајакне секуларноста и да се консолидираат републиканските принципи.

Но планираните засилена контрола на финансирањето на џамиите и забрана за школување на имамите во странство може да доведе до дополнително влошување на односите на Франција со муслиманскиот свет.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе