Според анкетите во Србија, Вучиќ победува во првиот круг на изборите

Третина од граѓаните на Србија не планираат да излезат на претседателските и парламентарни избори на 3 април, покажуваат последните истражувања на јавното мислење, кои на актуелниот претседател Александар Вучиќ му предвидуваат победа во првиот круг, а на владејачката коалиција на чело со Српската напредна партија (СНС) мнозинство во парламентот.

EPA-EFE

Анкетите спроведени во завршницата на изборната кампања покажуваат дека Вучиќ, доколку излезат половината од вкупно 6,5 милиони запишани гласачи, во првиот круг би го освоил вториот последователен претседателски мандат со околу 60 отсто освоени гласови.

Од седумте противкандидати на Вучиќ најдобро пласиран во анкетите е пензионираниот генерал Здравко Понош, кого го кандидираше коалицијата на партии од центарот, десниот центар, граѓанските движења и синдикатите Обединети за победа на Србија, а за него би гласале околу 19 отсто од гласачите, што е процентот на определени и за парламентарната листа на водечката опозициска коалиција.

На парламентарно мнозинство со нешто повеќе од 62 отсто од гласовите може да сметаат СНС и партиите кои ја поддржуваат или со неа досега беа во коалиција. Изборниот праг сигурно би го поминале коалицијата Обединети за победа на Србија, коалицијата на партии и зелено-левичарски движења Мораме, и можеби три до четири главно десно ориентирани политички групации.

На работ на изборниот праг се коалицијата „Ајде луѓе“ на поранешниот српски претседател Борис Тадиќ и радикалите (СРС) на Војислав Шешељ, кои на овие избори го поддржуваат Вучиќ и се обидуваат да се вратат во парламентот.

Два дена пред почетокот на изборниот мол и власта и опозицијата се обидуваат да ги анимираат неодлучните гласачи кои, според анкетите, ги има од 30 до дури 38 отсто.

Изборните анкети укажуваат меѓутоа и на сомнежи во регуларноста на изборниот процес. Според една анкета, речиси 42 отсто од анкетираните сметаат дека изборите нема да бидат фер, а над 40 се уверени дека ќе бидат.

Подобрувањето на изборните услови опозицијата во 2021 година се обиде да го избори на два начини – со директни преговори со власта и со посредување на Европскиот парламент. Постигнатите компромиси едвај делумно ја задоволија хетерогената опозиција која како еден од клучните проблеми ја гледа контролата на медиумите, доминантно наклонети кон Вучиќ, владата и СНС, но и влијанието на власта врз Републичката изборна комисија.

Социологот Среќко Михаиловиќ смета дека е „изненадувачки мала разликата меѓу оние кои ја поддржуваат сегашната власт и сметаат дека е добра (32 отсто), наспроти 30 отсто кои би ја смениле таа власт“.

Михаиловиќ на претставувањето на истражувањето на невладината организација Демостат, спроведено од 9 до 17 март, укажа на парадоксот дека „релативно голем број анкетирани не е задоволен од власта, што не значи дека ќе гласаат за опозицијата“.

„Проблемот е во тоа што тие искажуваат негативно мислење за власта, но и понатаму гласаат за таа власт“, кажа Михаиловиќ.

До почетокот на изборниот молк останаа помалку од 48 часа, изборниот ден почнува во недела 3 април во седум часот, гласачките места затвораат во 20 часот, а првите неофицијални резултати на изборните штабови се очекуваат вечерта во 22 часот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе