Вол стрит џурнал

Сојот омикрон може на крај да спасува животи

Многу помалку е смртоносен од претходните соеви, а неговото брзо ширење конечно може да ни помогне да стекнеме имунитет.

Фото: ЕПА

Дали треба да се обидам да го фатам сојот омикрон на ковид за да помогнам во каузата на имунитетот на стадо?

Имав ковид и оздравев, ја добив инфузијата на моноклонални антитела „Регенерон“ и дупла доза вакцина – вријам од антитела, вели Роб Арнот во колумна за Волстрит џурнал. Со тројна заштита, веројатно нема да го фатам омикрон. Сепак, тој се шири како шумски пожар. Многу луѓе со многу антитела го фаќаат овој сој. Уште поважно, тој ретко доведува до хоспитализација или смрт.

Соодветната реакција на омикрон може да биде да се охрабрат вакцинираните луѓе, па дури и невакцинираните млади возрасни да го фатат, притоа штитејќи ја ризичната популација. Една мерка за смртноста на патогенот е официјалната стапка на смртност - односот на бројот на смртните случаи со официјалните случаи. Просечната стапка на смртност од 28 дена во Јужна Африка, од каде што најверојатно потекна сојот омикрон, во изминатите шест недели падна од 8% на 0,2%, едвај малку повисоко отколку од грипот. Омикрон сигурно ќе им даде нови, комплементарни антитела на своите жртви, обезбедувајќи дополнителна мерка на имунитет од посмртоносните варијанти на ковид.

Омикрон одзема животи. Исто и грипот. Ако антителата на сојот омикрон се дури 50% ефикасни во намалувањето на ризикот од смрт од посмртоносните варијанти, тие антитела би можеле да спасат многу повеќе животи отколку што чини вирусот. Од лична перспектива, што е поверојатно, да умрам ако го фатам сојот омикрон или да умрам од друг, посмртоносен сој на ковид бидејќи ми недостасуваат антителата од омикрон? Одговорот не е толку едноставен како што можеби сугерира нашата политичка елита.

Ниту еден политичар нема да направи ваква анализа на трошоците и придобивките. Европа и Латинска Америка се во различни фази на нови карантини. Како и обично, тие почнаа долго откако случаите веќе се зголемија. Понекогаш, како и во Холандија минатата недела, карантините почнаа откако дневните случаи и бројот на смртните случаи веќе се намалуваа. За Европската Унија, САД и Латинска Америка, најновата стапка на смртност е 0,5%, 0,4% и 0,3%, соодветно, од највисоките 4% на 7% за време на бранот делта во јуни. Ако ги додадеме армиите асимптоматски, благи и непроверени случаи, вистинската смртност на омикрон веројатно е околу 0,2%, приближно исто колку и од сезонскиот грип.

Се чини дека бирократите во Европа, Латинска Америка и некои американски држави велат: да почекаме да се зголемат случаите, па да почекаме уште малку додека кризата да стивне, а потоа да ја разнесеме економијата откако ќе биде предоцна за да спасиме животи.

Карантините чинат и животи. Ова е слабо пријавуваната колатерална штета од ковид. Во една октомвриска студија за Ризон фаундејшн, моите колеги и јас откривме дека во САД, прекумерните смртни случаи (смртни случаи над историските норми) од убиство, самоубиство, предозирање или несреќа изнесувале околу 82.000 помеѓу март 2020 и август 2021 година. Во тој период , стапката на убиства приближно се удвои, а смртните случаи од предозирање се зголемија за повеќе од 50%. Смртните случаи од случајност исто така се зголемени; на крајот на краиштата, повеќе фатални несреќи се случуваат дома отколку во канцеларија. Во меѓувреме, прекините во синџирот на снабдување, стравот од болници и задоцнетите дијагнози колективно доведоа до дополнителни 86.000 смртни случаи од рак, срцеви и белодробни заболувања и мозочен удар. За 15 недели, до 18 декември, овие вишок смртни случаи - ниту еден од ковид - се зголемија за уште 56.000.

Секоја смрт е трагедија. Сепак, сите ние на крај умираме, па затоа е разумно да се испита смртта од перспектива на трошоците и придобивките. Постојано ја слушаме мантрата „следи ја науката“. Вистинскиот научен метод вклучува емитување на мислењата и проверка на хипотезите, а не задушување на дебатата. Освен стриктната наука, тоа вклучува и поставување тешки прашања за трошоците и придобивките додека се предвидуваат несаканите последици.

Ајде да ги истражиме неконвенционалните одговори за да му ставиме крај на овој долготраен кошмар. Јас не се обидувам да го фатам омикрон. Но не се плашам: фаќањето може многу да го намали, а не да го зголеми, мојот ризик да умрам од некој иден сој на ковид.

Роб Арнот, основачки претседател на Рисчрч афилиејтс, фирма за управување со средства со седиште во Њупорт Бич, Калифорнија

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе