Смртоносното оружје на Израел: недопирливите убијци на Мосад

Мохсен Фахризадех е можеби највисокиот ирански нуклеарен научник кој е убиен, но дефинитивно не е единствениот. Во последните 10 години барем уште четворица ирански научници настрадаа, а Иран за нивните убиства го обвинува својот најголем непријател – Израел и неговата безбедносна служба Мосад.

EPA-EFE

Израел по правило никогаш не ги коментира таквите обвинувања, но често тврди дека има право да се брани и да го спречува Иран да стане воена нуклеарна сила.

Неговата шпионска агенција Мосад е позната по прецизните убиства во име на зачувување на националната безбедност, а смртта на Фахризадех и неговите претходници го имаат истиот шаблон – убијци на мотоцикли и убиства на луѓе кои претставуваат закана по безбедноста на Израел.

Фахризадех, кој ја основа воената нуклеарна програма на Исламската Република во 2000-те, бил убиен со активирање бомба од далечина.

Мосад речиси никогаш не признал одговорност за убиство, но Израел призна дека води тајна операција против иранската нуклеарна програма. Премиерот Бенјамин Нетанјаху уште во 201 кажа дека неговата влада набавила десетици илјади документи од таканаречените ирански атомски архиви.

Пред 10 години, во 2010 Масуд Али Моамади, експерт за физика на честички, беше убиен со активирање бомба закачена на неговиот мотоцикл пред својот дом во Техеран.

Подоцна истата година, уште еден нуклеарен научни Маџид Шахријар настрада на сличен начин. Непознати извршители му фрлија бомба на автомобилот. Истиот ден, Фереидун Абаси Давани, главниот нуклеарен научник во тоа време, преживеа обид за убиство. Двајцата соработувале со Фахризадех.

Академикот Дариуш Разаеинеџад, кого исто така го поврзуваа со иранската нуклеарна програма, го убија непознати напаѓачи на мотоцикли кои избегале.

Една година подоцна Мустафа Ахмади Рошан, заменикот шеф на иранскиот погон за збогатување ураниум во Натанз, беше убиен во напад со магнетна бомба додека се возел на работа.

Коосновачот на Израел Давид Бен Гурион во декември 1949 ја формираше новата агенција за разузнавачки работи надвор од границите на земјата која подоцна ја нарече Институт за разузнавачки и специјални операции попозната како „Институтот“ – Мосад.

Со формирањето на Мосад, израелските разузнавачки служби се споија во една „продолжена разузнавачка рака“ која помалку или повеќе во ист облик опстана до денес: Аман е воено-разузнавачката служба која израелските безбедносни сили ги снабдува со информации, Шин Бет е задолжен за интерно собирање информации и борба против тероризмот, и Мосад кој своите тајни активности ги спроведува надвор од границите на Израел.

Бен Гурион сите агенции ги држеше под контрола, а јавноста не знаеше многу за нивната работа. Бен Гурион им забрани на сите да признаат, а не пак да откријат дека постои заплеткана мрежа на тајни агенции. Никој не ги знае нивните цели, улоги, мисии, овластувања, па дури ни односи.

Со други зборови, Мосад е влада од сенка, паралелна но одвоена од демократските институции на земјата – еден вид „длабока држава“. И токму таа таинственост, но и усвоениот британски систем кој овозможува прогласување вонредна состојба, закани за безбедноста и бунтови, им служи како оправдување за бројни акции и операции кои во други земји би биле мета на кривични гонења и затворски казни.

Недопирливи или не, Иран се закани со одмазда на Израел, а многу експерти сега стравуваат дека убиството на таткото на нуклеарната програма на Иран може да доведе до нова дестабилизација на Блискиот Исток и нови конфликти.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе