Следната „вечна војна“ ќе се води за контрола на вселената

Минатиот месец астронаути од Јапонија, Русија, САД и Европа организираа прослава во орбитата на Меѓународната вселенска станица, славејќи го роденденот на еден од своите членови.

Фото: Пиксабеј

Меѓутоа, ерата на мултинационална соработка во орбитата брзо привршува и ќе ја замени нов дух на меѓународно ривалство и конкуренција на „големите сили“, вели Питер Апс во колумна за Ројтерс.

Летото 2021 година беше обележано со значително влошување на односите меѓу американската вселенска агенција НАСА и рускиот конкурент Роскосмос, кое сѐ повеќе се одвива преку медиумите. На 12 август руската државна агенција ТАСС објави извештај во кој обвини американски астронаут дека намерно ја саботирал Меѓународната вселенска станица. НАСА брзо го негираше тоа.

Кина, на која Конгресот на САД во 2011 година ѝ забрани да соработува со Меѓународната вселенска станица и со НАСА, бележи постојан напредок со сопствената вселенска станица во ниската орбита на Земјата, а тројца кинески астронаути се во повеќенеделна мисија што завршува кон средината на септември.

Русија и Кина потпишаа меморандум за соработка во база на месечината, иако датумот на таквата мисија не е познат. Артемис 1 - најголемата ракета на НАСА од програмата Аполо, ќе биде лансирана во вселената подоцна оваа година за да го тестира системот за кој САД се надеваат дека ќе ги врати нивните астронаути на месечината до 2023 година, уште еден знак за нова вселенска трка во стилот на Студената војна.

Меѓутоа, во споредба со ова историско ривалство, новата вселенска трка е многу посложена. Вклучува многу други играчи, меѓу кои и приватни компании, почнувајќи од електронска војна и противсателитско оружје во ниската Земјина орбита до можни рани фази на борбата за колонизирање на Сончевиот систем, особено Марс.

Во орбитата во близина на Земјата, експертите велат дека многу земји се заинтересирани за потенцијалната воена употреба на вселената и основаат организации како што се американските Вселенски сили. САД и Велика Британија ја обвинија Русија во јули минатата година за тестирање противсателитско оружје, откако еден руски сателит се приближи до американски.

Вашингтон и неговите западни сојузници веќе долго време се противат на воената употреба на вселената, предупредувајќи дека инцидентите како што е уништувањето на расипаниот кинески сателит со ракета испукана од Земјата во 2007 година, ризикуваат да создадат потенцијално катастрофално количество вселенски отпад. Меѓутоа, американските медиуми неодамна објавија дека САД сега размислуваат да ги обелоденат своите противсателитски капацитети, сигнализирајќи дека Вашингтон сега можеби верува дека трката во вооружување не може да се избегне.

Долгосежно размислување

И САД и Кина испратија сонди на Марс оваа година, а кинескиот ровер Журонг работеше таму континуирано во последните два месеци. Пософистицираниот Персевиренс на НАСА е активен од февруари, заедно со мал експериментален хеликоптер. Обата се претставени како извидници за долгорочни мисии со екипаж, иако дотогаш може да поминат децении.

Особено Кина има многу подолгорочни цели. Државните медиуми минатата недела го истакнаа извештајот на Националната фондација за наука во кој се повикува Пекинг да го истражи производството на големи вселенски платформи, склопени во орбита и долги километар или повеќе - десет пати поголеми од Меѓународната вселенска станица.

За таквиот подвиг ќе биде потребно надминување на огромни технички предизвици, велат кинеските научници, но проучувањето на изводливоста на проектот треба да биде дел од економскиот план на Пекинг за 2021-25 година.

Сегашната кинеска вселенска станица може да стане единствената платформа со екипаж во орбитата доколку Меѓународната вселенска станица не се прошири до 2030 година, како што се надеваат САД. Русија минатата недела соопшти дека на еден од нејзините модули на станицата се појавиле пукнатини, кои со текот на времето ќе се влошат, и предупреди на потенцијална лавина на дефекти на опремата веќе во 2025 година.

Соединетите Држави потпишаа договори за соработка со европските и азиските сојузници за нивната програма „Артемис“, но Кина им се обраќа и на другите нации, особено на земјите во развој, и можеби ќе може да ја прошири соработката со Русија, како дел од зајакнувањето на поширокото партнерство со Москва.

Влошување на недовербата

Американските и руските вселенски власти и медиумите водат сѐ посилна војна на зборови во последните месеци.

Неколку американски медиуми, вклучително и „Дејли бист“ и технолошката страница „Арс техника“, објавија приказни со кои се доведува во прашање компетентноста на руската вселенска програма, откако се активираа ракетите на руски модул, очигледно спонтано, кратко време по пристигнувањето на станицата.

Соединетите Држави зависеа од Русија да ги носи и враќа астронаутите од Меѓународната вселенска станица по прекинот на нивната програма за вселенски шатлови во 2011 година, но минатата година продолжија со сопствените вселенски летови. Односите оттогаш уште повеќе се влошија, додека Москва се приближува до другите нови вселенски сили, како Индија и Обединетите Арапски Емирати, и беше домаќин на обука за астронаути од двете земји.

Овие сојузи се важни - што е уште една причина зошто САД прават сопствени договори со сојузниците како Обединетото Кралство, Јапонија и европските сили да се приклучат во Артемис. Меѓународната битка за контрола на вселената допрва почнува и нема голем апетит да се биде на страната на губитниците.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе