Си-ен-ен: Украинците оружјето од советската ера го прилагодија на модерното војување

Источниот фронт стана полигон за тестирање на иновативното војување во 21 век. Украинците користат евтини, комерцијално достапни беспилотни летала за да ги идентификуваат метите, а потоа преку апликации за комуницирање даваат прецизни упатства на артилеријата, која користи оружје старо неколку децении, пишува Си-ен-ен.

EPA-EFE

Во подрум во источна Украина момчиња седат на долга маса полна со лаптопи, а погледите им се насочени на екраните. На екраните гледаат црни фигури кои панично бегаат преку врвот на рид. Всушност гледаат видео-пренос од мало украинско беспилотно летало.

Момчињата служат како извидница за артилериските тимови кои се обидуваат да ги убијат руските војници во рововите. Украинците сместени во таквите подрумски командни центри на источниот фронт ги насочуваат артилериските напади за да се обидат да го сопрат руското напредување, пишува американскиот медиум.

Најжестоката борба се води за градот Бахмут, кој со месеци го напаѓаат руските сили. Жестината на битката се гледа уште на влезот во градот бидејќи од станбените блокови се крева густ црн чад. На украинските војници и на локалното население им се заканува константна опасност од дејствувањето на руската артилерија.

Кремљ сконцентрира големи сили за нападот на Бахмут, кажува Петро, лидер на една од украинските единици кои го бранат градот. „Се чини како еден постојан, непрекинат напад. Единствениот момент за одмор е кога ќе им снема луѓе и чекаат засилувања“, тврди тој.

Петро го користи само името за да го заштити својот идентитет. Објаснува дека Русите постојано испраќаат нови сили, воопшто не грижејќи се за тоа колку нивни војници ќе настрадаат. „Не можат да го заземат Бахмут со директен напад, па го опколија. Моравме да се преселиме од урбаните средини на полињата каде што сме изложени на дејствувањето на артилеријата“, додава Петро.

Сергеј Гајдај, украинскиот шеф на Луганск, минатиот месец изјави дека Русите во близина на Бахмут „умираат во голем број бидејќи мобилизираните војници едноставно одат напред за да ги идентификуваат украинските позиции“. Иако некои западни медиуми исто така спомнуваа значителни загуби, руското министерство за одбрана претходно месецов објави дека загубите „не надминале 1 отсто од борбената сила“.

Украинците се соочуваат со одредени проблеми. „Патиштата се калливи. Не можеме доволно брзо да ги евакуираме ранетите и да доставиме муниција“, истакнува Петро. Украинските команданти се жалат на недостиг од комуникација меѓу единиците и додаваат дека им недостигаат подофицери кои би ги одржале мотивирани војници по повеќемесечното исцрпувачко војување.

Украинската артилериска единица ги добива координатите на мобилен телефон. Командантот на единицата Туман потоа дава наредба и се испукуваат артилериските гранати. „Нашиот генералштаб се обидува да нè снабди со што повеќе муниција“, кажува Туман. Додава дека прецизноста на руската артилерија се намалила откако украинските сили ја намалиле способноста на Русите да вршат воздушни извидувања.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе