Голем дел е разурнат

Што се случува во Сирија: Земјата се „распадна“ на четири зони на влијание

Речиси десетгодишна војна меѓу бунтовниците и режимот на Башар ал Асад и војна во која се активни и меѓународни актери. Добар дел од земјата е разурнат. Што се случува во таа војна раскажува Дарин Калифа од Меѓународната кризна група.

EPA-EFE

Во моментов во Сирија не се случуваат многу нешта. Земјата е „распадната“ на четири зони на влијание, борбените конфликти се доста ретки. Дарин Калифа, експертка за Сирија од Меѓународната криза група, вели: „Конфликтот во Сирија е замрзнат од март минатата година. Иако примирјето е кревко, може да се каже дека линиите на фронтот веќе речиси една година се помалку-повеќе статични“.

Североистокот го контролираат милициите кои ги предводат Курдите, и тоа со поддршка од САД. Истовремено таму на теренот се присутни (симболично) и силите на владата на Асад, односно Русија.

Северозападот го контролираат прокурдските полиции. Регионот Идлиб е последната поголема област во рацете на бунтовниците. Таму се стационирани десет илјади протурски војници, како своевидна тампон-зона меѓу бунтовничките сили и владините трупи.

Повеќето Сиријци во овој момент живеат во областите под контрола на владата на Асад. Таа ги надгледува големите градови кои се главно разурнати. Засега нема значителни работи на нивно обновување.

„Не беше добро тоа што владата со руската поддршка ја уништи клучната инфраструктура во земјата. Стануваше збор за воена тактика, за да се изврши притисок врз нивните противници“, вели Калифа.

Економијата во Сирија со месеци е буквално во слободен пад. Прехранбените производи се скапи, владее и недостиг. Луѓето чекаат во ред за леб и по пет часа. 60 отсто од Сиријците од разни причини имаат проблеми околу набавката на доволно храна.

„Поради западните санкции, животот стана многу потежок за луѓето кои живеат на териториите под контрола на владата. Но главната причина за тоа не се санкциите. Реалноста е дека војната и корупцијата во последните децении ја уништија економијата“, вели Калифа.

Дури и Русија, сојузникот на Асад, сега сака владата и опозицијата да изработат нов устав. Преговорите за тоа траат веќе со месеци, но без напредок. Асад блокира бидејќи сака да остане на власт. Калифа смета дека во Сирија нема ништо за брзо време да се смени: „Не верувам дека масите повторно ќе се мобилизираат против Асад. Конфликтот целосно ги исцрпи Сиријците. Луѓето знаат колку е режимот брутален. И не гледаат никакви шанси за промена на режимот или барем за реформа“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе